184
23 shares, 184 points

Секогаш кога се создава застој, едноставно додади нова лента и проблемот е надминат. Тоа е многу логично и нема причина за сомневање, но една студија во САД докажува дека станува збор за заблуда.

Верувањето, дека застојот по патиштата се надминува со додавање уште една лента, излезе погрешно. Според една студија во САД, не може да се воспостави врска меѓу проширувањето на улиците и намалувањето на застојот. Меѓу 1993 и 2017 година, капацитетот на автопатиштата во стоте најголеми градски подрачја во Соединетите Држави се зголемил за 42 проценти.

Во истражувањето понатаму се наведува дека биле додадени 30.511 милји сообраќајни ленти (околу 49.000 километри) –  што значи, не се брои должината на патот, туку се собира должината на секоја лента посебно. Во истиот период, бројот на населението во тие градови се зголемил за само 32 проценти. Бројот на изгубени часови во застој, во 2017 година бил за 144% повисок отколку во 1993 година.

Во Детроит, бројот на застои се зголемил за 45% меѓу 1993 и 2017 година, иако бројот на жители во истиот период се намалил за пет проценти

Во 92 од стоте густо населени средини, застоите се зголемиле повеќе од двојно. Нивниот број се зголемил најмалку во подрачјето на Детроит, кадешто во 2017 година имало за 45% повеќе застои отколку во 1993 година. Бројот на населението, во истиот период се намалил за пет проценти.

Според сообраќајните експерти, пошироките улици привремено го зголемуваат сообраќајниот проток и прават возењето да биде побрзо и полесно. Тоа ги поттикнува луѓето да возат автомобил и да пристигаат од сé подалеку. Бидејќи повеќе луѓе возат автомобил, само се создава нов и уште поголем застој.

Проширувањето на патиштата не е решение за застоите, туку само создава нови и поголеми застои, веројатно уште на првата крстосница

Во истиот период се зголемило и просечното растојание во возење по глава на жител, од 21 на 25 милји дневно. Во исто време се зголемува и раселувањето по периферијата на градовите. Американците, исто како и Европејците, сакаат да живеат на поголемо растојание од соседите и од работното место. Тоа го зголемува сообраќајот. Експертите ценат дека овој стил на живеење далеку од градовите губи дел од предностите во поглед на патувањето, затоа што тој поттикнува нови и поголеми застои, што не може да се надминат со ширење на улиците.

За издржаноста на заклучоците од студијата и за нејзината применливост во македонски услови, како одличен пример може да послужат километарските застои, што секое утро се создаваат на влезовите во Скопје, во Ченто и во Сарај. Вистинското решение, на коешто укажува американската студија, лежи во унапредувањето на јавниот превоз, со вклучување на брзи и точни железнички линии, како и со нивно интелигентно поврзување со автобуските и трамвајските линии.

View this post on Instagram

#houston #texas #flightview #vueaerienne #ushighway

A post shared by ErNv (@eric_6313) on

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

184
23 shares, 184 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *