за

Целиот европски пазар во минус, електричните со рекорден удел од 11%

Porsche Taycan

Веќе одамна не е вест дека продажбата на автомобили забележа драстичен пад во услови на пандемијата. Во април, бројот на новорегистрирани автомобили на европскиот пазар се скуси за 79 проценти. Кризата ги погоди најмногу продажбите на Nissan (-88%), Fiat Chrysler и неговиот CO2-пријател Tesla (-87%), како и марките на концернот на Peugeot (-83%). Во исто време, продажбата на електричните возила претрпе помал пад – тие достигнаа рекорден удел од 11% во вкупната продажба на автомобили во април.

Во првите четири месеци од годината, уделот на електричните возила во вкупната продажба на автомобили достигнал 8%, што е двојно повеќе во споредба со лани. Volvo има највисок удел на електрични возила во продажбата до април, вклучувајќи ги плагин-хибридните модели, со 22 проценти. Веднаш по нив следи BMW со удел од 13%, по баварците се Fiat Chrysler и партнерот Tesla (калифорниската компанија за услугата добива милионска „награда“ од Fiat, затоа што нивните возила имаат нулта емисија на СО2, со што се подобрува билансот на Италијанците) со 12%, исто колку што има и Kia.

Удел на електрични возила во вкупната продажба

(вклучувајќи ги плагин-хибридите, за Европа, до април 2020)

Април ’20
2020
2019

Volvo

25.00%

23.00%

10.00%

Nissan

23.00%

11.00%

9.00%

FCA-Tesla

22.00%

12.00%

6.00%

Kia

21.00%

12.00%

6.00%

BMW

17.00%

13.00%

8.00%

Hyundai

15.00%

10.00%

7.00%

Daimler

15.00%

8.00%

2.00%

Останати

13.00%

10.00%

7.00%

ПРОСЕК
11.00%
8.00%
3.00%
VW Group

10.00%

7.00%

1.00%

Renault

8.00%

8.00%

3.00%

PSA-Opel

5.00%

6.00%

0.00%

Ford

5.00%

1.00%

0.00%

Toyota-Mazda

0.00%

0.00%

0.00%

Audi e-tron е новиот електро-крал на Норвешка

Audi e-tron charging service

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја

Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја

McLaren судир право британија полиција

Полиција на твитер исмеваше невешт возач, потоа му се извини