за

Училишни автобуси во САД возат тивко и чисто на струја

Училишни автобуси во САД возат тивко и чисто на струја
Училишни автобуси во САД возат тивко и чисто на струја

Учениците во американската сојузна држава Вирџинија отсега патуваат со автобуси со погон на струја. Thomas Built Buses, северноамериканска подружница на Daimler, ги испорача првите 50 примероци од овие жолто-црни автобуси што се редовна појава во тинејџерските филмови и што отсега возат на струја. Станува збор за најголем налог од овој вид во САД досега.

Иницијативата доаѓа од компанијата за електродистрибуција Dominion Energy со седиште во Вирџинија, којашто планира целиот возен парк од 1.050 училишни автобуси да се префрли од дизел на електричен погон.

Батериската технологија во автобусите од типот Saf-T Liner Jouley потекнува од калифорниската компанија Proterra. Вкупниот капацитет на вградените батерии изнесува 220 kWh, со што може да се постигне досег од околу 215 километри.

Thomas Built Buses моментно е единствен производител на училишни автобуси што стандардно вградува техника за брзо полнење со еднонасочна струја. При приклучување на брз полнач, автобусот Jouley постигнува целосна наполнетост на батеријата за околу три часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германските возови ќе се движат на струја произведена од сонцето

Германските возови ќе се движат на струја произведена од сонцето

Грета Тунберг ја спаси патеката за картинг на Шуми

Грета Тунберг ја спаси патеката за картинг на Шуми