159
23 shares, 159 points

Големите салони на автомобили нудат одлична можност да се откријат трендовите и да се пушти поглед во иднината. Каков е соодносот меѓу различните погонски видови кај автомобилите на штандовите во Париз?

Кога сите производители на автомобили ќе се соберат на едно место, може да се направат интересни статистики и да се извлечат вредни заклучоци. Позначајните марки коишто се присутни на салонот во Париз (до 14-ти октомври) заедно изложуваат 301 автомобил на своите штандови. Ги изброивме сите автомобили на салонот во Париз и ги групиравме според видот на погонот, на автомобили со бензински или со дизел мотор, на електрични автомобили и хибриди, на автомобили со погон на гас. Како изгледа соодносот меѓу погонските видови, може да погледнете во следната табела:

Салон Париз · Сооднос видови на погон

Не изненадува тоа што автомобилите со бензински мотор се најбројни, со 139 примероци. Дизелите на салонот веќе преоѓаат во инфериорна позиција, затоа што на штандовите ги има двојно помалку (68 примероци) во споредба со нивните класични ривали, бензинците. Тоа е соодносот што ќе се среќава и во секојдневната улична слика по само неколку години, затоа што дизелите заминуваат – полека, но сигурно.

Салонот во Париз го прикажува соодносот меѓу видовите погон по неколку години

Некој уште ги води како возила со алтернативен погон, иако „батериско“ електричните и хибридните автомобили во Париз се застапени со дури 43, односно 48 примероци. Тука веќе нема ништо алтернативно. Меѓу хибридите овојпат ги вбројуваме и моделите со посовремената варијанта на погонот со две срца, плагин-хибридите, кои во статистиките обично се водат како електрични возила. Три од изложените автомобили користат метан (Seat и Skoda), а има и еден водороден автомобил (Mirai).

Салон Париз · Сооднос видови на погон

По проценти, бензинците учествуваат на салонот со 46%, следат дизелите со 22,5%, па хибридите (околу 16%) и електричните (околу 14%). Колку овој сооднос соодветствува со актуелните продажни статистики? Според последните официјални податоци, бензинците во август учествувале со 57% во месечната продажба, наспроти дизелите со 35% и „алтернативците“ со 6,3%. Во споредба со истиот месец лани, бензинците освоиле 6 проценти стапки од пазарот, додека дизелите изгубиле околу 7 проценти од пазарниот удел. Хибридите, плагин-хибридите и електричните освоиле само половина процент повеќе од пазарот (5,8% во август лани).

Пазарот се префрлува од обичните хибриди на Toyota на понапредни приклучни хибриди и електромобили

Повеќе динамика има во подкатегориите на „алтернативците“. Продажбата на автомобилите со обичен хибриден погон, односно неколку модели на Toyota, во август пораснала за 30 проценти. Но, двете останати подкатегории напредувале уште повеќе: Плагин-хибридите, односно приклучните хибриди, имаат раст од дури 49% во споредба со ланскиот август, додека електричарите постигнале раст од 35%.

Салон Париз · Сооднос видови на погон

Тука се препознава тренд на префрлување од обичните хибридни модели на Toyota, на понапредните приклучни хибриди, а во одредена мера и на електрични автомобили. Пазарот веќе има голем број таканаречени PHEV и BEV модели во понуда, што исто така придонесува за зголемувањето на продажбата.

Едно рационално, чисто и веќе достапно погонско решение постепено губи на значење: Автоплинот. Некои пазари, како Италија, сепак му остануваат верни на пропан-бутанот.

Топ 5 Погодоци и утки на салонот во Париз

Ретро и електро на салонот во Париз


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
23 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743