142
20 shares, 142 points

Возило на компанијата Uber усмрти жена додека било вклучено автономното возење. Ова е прв случај роботски автомобил да однесе човечки живот.

Уште една незгода со автономни возила, но овојпат со кобни последици. Роботски автомобил во служба на компанијата Uber прегазил 40-годишна жена којашто со својот велосипед ја преминувала улицата на необележано место. Возилото се наоѓало во автономен режим и возело во градот Темпе, во Аризона, со сигурносен возач зад воланот. На фотографиите кои ги објавија американските медиуми се забележуваат оштетувања во предниот дел од возилото, што укажува дека судирот се случил при висока брзина. Жената починала од тежината на повредите во болница.

Автономно возило на Uber во 2016 година беше снимено како минува на црвено светло

Uber ги прекина сите тестирања на возила со технологија за автономно возење. Таа е една во дузината компании кои развиваат сопствени системи за автономно возење и ги тестираат истите во редовен сообраќај по улиците во САД.

Причините за незгодата уште се утврдуваат, но е очигледно дека не станува збор за прва незгода со возилата на Uber:

  • Уште во 2016 година се појави видео во коешто возило на Uber минува на црвено светло на семафор во Сан Франциско. Компанијата во тоа време тестираше без дозвола и беше остро критикувана од институциите, но ништо не се смени.
  • Лани во март имаше уште еден случај, кога возило на Uber се преврте по ударот од друго возило при полна брзина. Полицијата тогаш утврди дека техниката на автономното возило не била виновна за незгодата. Немаше повредени.

Различни се условите во коишто возач загина зад воланот на Tesla, при вклучен модус за автономно возење. Возилата на калифорнискиот произвоител располагаат со 2-ро ниво на техника за автономно возење. Во ова ниво, возачот не може да препушти возилото да управува само, туку само ја користи техниката како помош. Возачот на Tesla Model S верувал премногу во способноста на оваа техника и го оставил возилото да управува само. Камерите и радарите во возилото погрешно го препознале камионот пред него како сообраќајна табла и дозволиле возилото со полна брзина да се забие во камионот.

Пред само неколку денови, компаниите Alphabet, Waymo и Uber, беа одбиени од Конгресот, во барањето да се поедностави тестирањето на возилата со технологија за автономно возење. Во меѓувреме, General Motors најави дека стартува со производство на Cruise AV, на своето прво автономно возило.

Калифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber

Роботски автомобили за посетителите на ЦЕС во Лас Вегас

Самовозечко пиво: Прва испорака на стока со автономен камион


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
20 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743