за

Uber ќе нарачува сто илјади примероци од Mercedes S-Class?

Американската такси служба Uber е во преговори со Daimler за испорака на над сто илјади примероци од знаменосецот на Mercedes. Интересот е околу технологијата за автономно возење.

На концернот Daimler му претстои најголемата единечна нарачка во неговата историја. Американската такси служба Uber планира во подолг рок да се снабди со над сто илјади примероци од Mercedes S-Class. Внатрешни извори во обете претпријатија ја потврдуваат спогодбата што ја потпишале шефот на Daimler, Дитер Цече, и првиот човек на Uber, Травис Каланик. До реализацијата на спогодбата продолжуваат преговори околу условите за нарачката.

Каланик се интересира првенствено за технологијата на автономно возење во знаменосецот на Mercedes. Оваа технологија ќе стои на располагање во полн обем дури во 2020 година. Ставот на Daimer е возилата што можат сами да управуваат, да им се понудат и на други партнери. Со тоа, Uber нема да располага со ексклузивно право да ги користи овие возила од Daimler во својот возен парк.

Импресивна е вредноста на договорот. Во случај на реализација на испораката на сто илјади примероци од Mercedes S-Class, германскиот концерн ќе инкасира околу десет милијарди евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пат околу светот со Ford стар 100 години

Audi, BMW или Mercedes: Која марка има најмногу модели во понудата?