174
22 shares, 174 points

Германското здружение за технички преглед за дванаесет месеци собра пет милиони податоци за 224 модели на автомобили. Познавачите ги исчекуваат овие податоци со нетрпение. Кои се моделите што покажаа најмалку дефекти во последниот извештај од техничките прегледи на TUV, а кои најмногу?

Не е изненадување тоа што првите места во последниот извештај на TUV им припаѓаат на моделите од премиум марките. Во категоријата возила со старост меѓу две и три години, најиздржливи се Mercedes GLK и Porsche 911, со позначајни дефекти откриени кај само 2,1 проценти од возилата на технички преглед во Здружението. Сепак постои голема разлика во километражата меѓу двата модела. Додека просечната километража кај теренецот изнесува 52.000 километри, кај спортскиот автомобил се само 29.000 километри.

Лани Mercedes GLK се пласираше на второто место во извештајот за дефекти на TUV. Годинава, тој го замени местото со ланскиот победник, Mercedes B-Class. На третото место е уште еден модел од швапската марка, A-Class, што е сосема очекувано, имајќи предвид дека обата модела ја користат истата платформа.

Еднаш Mazda, четирипати Mercedes според класи на возила стари 2 до 3 години

Расчленето по класи на возила, во категоријата со старост меѓу 2 и 3 години победник е Mazda 2 со значајни дефекти кај 2,5 проценти од возилата на технички преглед. Меѓу компактите најдобра е A-Class (2,3%), во средната класа е C-Class со 2,9%, како уште еден модел на Mercedes, но и меѓу вановите и теренците победуваат автомобилите со сребрената ѕвезда, B-Class и GLK.

Поголема е разновидноста од марки во долниот крај од табелата. Од најмладите модели во извештајот, што значи стари меѓу две и три години, техничарите на TUV откриле најмногу дефекти кај Chevrolet Captiva со 11,0 проценти, Kia Sorento (11,2%) и Kia Sportage со 11,5 проценти. Здружението за технички преглед сепак утешува. Иако и натаму имаат најмногу дефекти во извештајот, моделите што биле на дното на листата лани, годинава имаат пониска стапка на дефекти. Chevrolet Spark лани беше пласиран на последното место, со сериозни дефекти кај 14,6 проценти од возилата, додека годинава овој удел е намален за три процентни стапки.

Најдобро и најлошо пласирани модели по категории на старост

Во проценти е наведен уделот на возила со значајни дефекти при техничкиот преглед

Старост на возило Најдобар модел % Најслаб модел %
меѓу 2 и 3 години Mercedes GLK 2,1 Kia Sportage 11,5
меѓу 4 и 5 години Mercedes SLK 2,9 Dacia Logan 22,6
меѓу 6 и 7 години Mazda 3 6,8 Chevrolet Matiz 31,6
меѓу 8 и 9 години Porsche 911 Carrera 9,9 Renault Laguna 35,3
меѓу 10 и 11 години Porsche 911 Carrera 10,4 Mercedes M-Class 42,0

Според видот на дефектот, контролорите на TUV имаат најмногу забелешки за осветлувањето на возилата на технички преглед. Секако дека и тоа е евидентирано уредно во извештајот на Здружението. Најинтересно е кај најстарите возила во извештајот, во категоријата на возила стари меѓу десет и единаесет години.

Преглед на најчести дефекти кај возила стари меѓу 10 и 11 години

Задни светла 10,2 %
Протекување масло од мотор / погон 9,1 %
Предни светла 8,3 %
Соборено светло 7,6 %
Пружини / Амортизери 5,7 %
Издувен систем 5,0 %
Водење на оски 4,8 %
Сопирачки дискови 3,3 %
Паркирна сопирачка 3,2 %
Електроника на мотор / Издувни гасови 3,2 %
Погонски вратила 2,9 %
Црева на сопирачки 2,5 %
Управувачки зглобови 2,5 %
Трепкачи 2,2 %
Ножна сопирачка 1,8 %
Водови на сопирачки 1,4 %
Управување 0,7 %
Пукнатина / лом 0,5 %

Повеќе детали за извештајот и одделен преглед на најдобро и најлошо пласираните 10 модели во сите класи на возила и категории на старост ќе следи наскоро, откако Здружението за технички преглед ќе ги објави комплетните податоци.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
22 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743