173
22 shares, 173 points

Tushek не е новак на автомобилската сцена. По стечајот во 2016 година, мануфактурата од Словенија се враќа со хиперавтомобил со 1339 КС со хибриден погон. Во меѓувреме се подготвува и чистокрвен болид со погон на батерија.

Во четирите години од 2012 до стечајот во 2016 година, Tushek & Spidel Supercars ги произведуваше спортските модели TS 500 и TS 600 со класичен мотор. Од пред две години, словенечката фирма повторно е активна и веќе го претстави новиот модел TS 900 Apex. За разлика од претходниците, новиот болид комбинира два електромотори со V8-машината од Audi.

Од тоа произлегува моќност што за малку не достига 1 мегават, односно 1.360 КС. Познатиот словенечки дневник Дело објави дека Tushek во почетокот на следната година ќе стартува со изработка на мала серија до 12 примероци. Цената на примерок: 1,2 милион евра.

Tushek е беспрекорно конструиран хиперболид блиску до Koenigsegg и компанија

Двата електромотора со заеднички 653 КС испорачуваат погон до предните тркала, на што 4,2-литарскиот V8 од Audi додава уште 687 КС. Тоа дава системски 1.339 КС, односно вртежен момент од 1.600 њутнметри. Болидот тежок само 1,4 тон спринтува до сто за помалку од 2,5 секунди, а крајната брзина е ограничена на 380 km/h. Со енергијата во батеријата, Tushek TS 900 ќе вози до 50 километри.

Школката со крилести врати е поставена на рамка од хром-молибден челик, а самата е изработена од карбон-композити. Покривот се отстранува, издувот секако дека потекнува од Akrapovic. Болидот висок 1,11 метар лежи врз бандажи од 19 инчи со централна завртка и носи гуми Pirellli Trofeo R со димензија 235 напред и 305 назад. Сопирачките не може да бидат од друго освен од керамика, со шестклипни клешти напред и четириклични назад – од Brembo.

Словенците најавија и автомобил што ќе користи само електричен погон и за разлика од конкурентите ќе постигнува до 50% подолг досег, благодарение на иновативниот погонски систем.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
22 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *