за

Електричните автомобили добија свој „Леман“

електрични автомобили 24 часа трка

На први декември ќе се одржи првата 24-часовна трка со електрични автомобили во историјата на мотоспортот. Тркачкиот маратон ќе се вози на патеката во Ошерслебен, Германија, кадешто најразлични модели на електрични автомобили ќе се натпреваруваат кој ќе мине најмногу кругови.

Поради тоа што се вози во зимски услови е потешко да се процени колкав досег ќе го постигнат најдобрите електромобили. На тркачките тимови ќе им стојат на располагање само приклучоци за наизменична струја со 32 ампери. Нема суперполначи што би ги наполниле батериите за петнаесетина минути.

Маратонската серија за електрични автомобили под насловот „Еко Гранпри“ стартуваше пред пет години во Шпанија и оттогаш бележи голем пробив на сцената. По првата трка на снег во март годинава, во Андора, и по втората трка на „домашната“ патека во шпанскиот Калафат во септември, во Ошерслебен следи третото продолжение. Електричните автомобили првпат ќе возат 24 часа во меѓународна конкуренција.

Предизвикот за електричните автомобили е да извозат колку е можно повеќе кругови на патеката во Ошерслебен

Дозволени се сите видови „батериски“ електрични автомобили. Досега се пријавени 18 тимови од повеќе земји. Посетителите ќе имаат можност за пробно возење на електричните возила што ќе бидат ставени на располагање за време на возачкиот маратон, како и за присуство на предавањата на тркачите и разговори со експертите и сопствениците на електрични возила.

Сцена од шестчасовната трка во Калафат, во септември

Покрај најновите модели од марките Nissan, Renault, BMW, Kia, Hyundai и Jaguar, сите со досег над 300 километри, на трката ќе се појави и еден од електричните автомобили кои во 2016 година го обиколија светот за 80 денови (над 29.000 километри по копнен пат). Автомобилот моментно има минато 340.000 километри и на трката ќе ја предводи колоната како безбедносно возило. Во Ошерслебен ќе пристигне и Tesla Model 3, чијашто продажба во Европа штотуку стартуваше.

Тимови од разни компании ќе настапуваат со сопствените службени возила против приватни сопственици и ќе се натпреваруваат да постават најбрзо време на круг во својата класа. Возачите смеат да возат вкупно осум часови и мора да се менуваат на секои четири часови. Правилото е едноставно: Да се извозат колку е можно повеќе кругови.

На досегашните трки почесто решаваше тимската стратегија, отколку изборот на автомобилот

Во последните години се покажа дека победата многу повеќе зависи од тимот, отколку од автомобилот. Тимовите треба да внимаваат возачките смени да се извршат во вистинското време, покрај тоа мораат да ја приспособуваат стратегијата на полнење според временските услови, а најважно, да постигнат колку е можно повисока ефикасност. Пријавувањето трае до 28-ми октомври, на трката може да учествуваат најмногу 56 возила.

Трката ќе може да се следи и на веб, на адресата www.ecograndprix.com .

Како изгледа зимата за возачите на електричен автомобил

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

На производителите им снемува електронски компоненти

Volkswagen Passat отстапува место за електрични модели

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

трамп царини автомобили

Трамп ги кани германските авто-босови во Белата Куќа

Ќерката на дизајнерот на бубата бара надомест од Volkswagen