за

Triumph ги претстави новите крузери

По успехот со Street Triple и Tiger 800, британската марка Triumph се впушта во нов обид со моделите Commander и LT. Во класата на крузерите, ретки се тие што може да се спротивстават на новите модели на Triumph.

На Triumph му оди одлично во последниве години. Англиската марка секогаш имаше нос за актуелните и за идните трендови на пазарот и понуди мотоцикли што совршено се вклопуваа во истите. Street Triple 675 веќе со години е репер за уличните фајтери од средно тешката категорија, додека Tiger 800 остави белег кај универзалните таленти во средната класа.

Во Triumph Commander и LT работи моторот од 1699 сантиметри кубни од Storm
Во Triumph Commander и LT работи моторот од 1699 сантиметри кубни од Storm

Во оваа година инженерите на Triumph им се посветија на класичните модели и ги освежија како Bonneville, Thruxton и Scrambler со мотори со поостар звук, со ново седиште (Bonneville, Scrambler), нови бои (Speedmaster, Scrambler), разладни ребра и хромирана заштита на синџирот (Thruxton).

Паралелно со тоа Triumph претстави и два нови крузера. На Thunderbird Storm му се придружија Commander и LT (од Light Touring), коишто се разликуваат во геометријата на подвозјето и во позицијата на возачот. Commander и LT го користат линискиот двоцилиндарец од 1.699 сантиметри кубни од Storm, кој што во новите сестрински модели развива 94 КС и дебел вртежен момент од 151 њутнметар.

Triumph LT (Light Touring)
Triumph LT (Light Touring)

Разлики има и во опремата. LT има кожени торби отстрана, отстранлив ветробран, двојни дополнителни светла и вози на радијални гуми со бели страници. Додека LT тежи дури 380 килограми, Commander покажува на вага само 348 кила. Како поевтина алтернатива и натаму се нуди America, којшто исто така е достапен во верзија LT. Таму работи моторот од Bonneville, линиски двоцилиндарец со 61 КС. America исто така е освежена во новото моделско годиште, со голема педала за сопирање на потпирачите, повеќе хромирани делови и нови бои. Верзијата LT поседува отстранив ветробран и водоотпорни кожени куфери.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat ја купува марката мотоцикли MV Agusta?

40-годишнина на Golf на најголемиот салон на олдтајмери