130
23 shares, 130 points

Европскиот пазар на автомобили порасна за 9 проценти во април и со тоа го постигна најдобриот резултат по 2008 година. Вкупно се продале 1,34 милион патнички автомобили. Тоа е добар знак по минусот од 5,2 проценти во март

Од почетокот на годинава европските возачи купиле 5.607.856 нови патнички автомобили. Во споредба со првите четири месеци од минатата година, пазарот пораснал за 2,5 проценти. Единствен пазар во опаѓање е Швајцарија. Политичката криза во Италија воопшто не влијаеше врз продажбата на возила. Според експертите, повеќе фактори придонеле за растот на европскиот пазар, но крајните резултати покажуваат позитивно расположение и кај купувачите и кај производителите. Нови модели пристигаат постојано, расте и бројот на алтернативни погонски решенија во замена за дизелот.

Продажбата на возила со дизел мотор е намалена за 13,2 проценти

Збирната продажба од 18-те најголеми пазари во Европа покажува дека во април се продале вкупно 453.500 возила со дизел мотор. Тоа е намалување за 13,2 проценти во споредба со ланскиот април. Уделот на дизелите во вкупната продажба паднал на само 36,7 проценти.

Тоа што го изгубиле дизелите, оди во корист на бензинците. Бројот на возила со бензински мотор во април изнесува 692.300 примероци или плус 25 проценти во споредба со истиот месец лани. Бензинците имаат удел од 56,1 проценти.

Голем пораст од преку 50% за возилата со електрифициран погон

Сличен раст имаат и возилата со електрифицирана погонска спрега, кадешто е забележано зголемување за 53,5 проценти. Соодветно на тоа се зголемил и уделот, којшто сега изнесува 5,5 проценти. Најмногу се продале хибридни модели (41.200 примероци), следат плагин хибридите со 13.500 примероци и електричните возила со 1.000 примероци.

Продажба европа април 18 3
Пазарното учество на моделите со електрифицирана погонска спрега се зголемил од 3,9% во лани на 5,5% во првите четири месеци од годинава

Не е изненадување тоа што продолжува продажниот бум на СУВ-моделите. На 24 од 27 пазари, тоа е најпродаваниот сегмент. Двоцифрен пораст има на дури 25 пазари, при што Хрватска има енормен раст од 116 проценти. За само три години, уделот на СУВ-модели се зголемил од 21,4 проценти на 33,3 проценти.

Компактните модели и натаму се најпродавани во сегментот на СУВ-изведбите

Најголемиот поттик доаѓа од малечките СУВ-модели. Нивната продажба во април пораснала за 45 проценти, на 166.700 примероци. Една класа погоре, меѓу компактните СУВ-модели, продажбата пораснала за 27 проценти, односно се продале дури 40.000 примероци повеќе во споредба со ланскиот април. Оваа класа останува најпродавана во сегментот на лесните теренци и кросовери.

Продажба европа април 18 2
Секоја земја со свои навики и можности: Најголем број мини возила се продаваат во Италија, спортските возила имаат најголем удел во продажбата во Луксембург

Градските автомобили исто така уживаат висока популарност меѓу европските возачи, со раст од 6,9 проценти во април и вкупно 273.000 продадени примероци. Бизнис класата во меѓувреме може да се води
како Е-класа: Од вкупно 37.100 примероци во сегментот на лимузините и комби моделите од вишата класа, дури 11.400 примероци биле Mercedes E-Class. Порастот тука изнесува 15,8 проценти.

Во ерата на лесните теренци и кросовери, прва жртва се некогаш популарните ванови. Тие постигнале 81.900 продажби во април или за 21,5 проценти помалку од истиот месец лани.

Fiesta, 3008, Sandero, Captur, Focus, сите имаат одлични продажби

Со исклучок на Golf, кој по традиција е најпродаван модел на европскиот пазар, добри резултати во продажбата покажаа Ford Fiesta, Dacia Sandero, Renault Captur, Ford Focus и Peugeot 3008. Во поглед на зголемувањето на продажбата, повпечатливи се резултатите на Mercedes GLC, на серијата 5 на BMW, Ford Ecosport и Renault Scenic.

Продажба европа април 18 1

Од новитетите, Citroen C3 Aircross е на 45-то место, пред Opel Crossland и Seat Arona на 53-то и 54-то место. Opel Grandland во април заврши на 77-то место, Kia Stonic е 94-та додека Hyundai Kona е пет места подолу од својот технички близнак. Од останатите новитети, Volvo XC40 во април има постигнато 3.316 продажби, Jaguar E-Pace (2513), BMW X2 (2272), Range Rover Velar (2122) и DS 7 Crossback 1.576 продажби.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
23 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743