за

Trax во Србија од 16.399 евра

Малечкиот теренец на Chevrolet ќе чини 16.399 евра кај нашиот најблизок сосед. Во тие рамки се очекува да се движи цената и кај нас, откако моделот ќе стартува со продажба во јуни. Trax е технички близнак со Opel Mokka и рано се приклучува на трендот на компактни теренци на база на возила од ниската класа. Речиси сите поголеми производители најавуваат слични модели, но додека стартува нивната комерцијализација, освојувањето на купувачите ќе биде лесна игра за Trax и Mokka.

Цената на помалиот брат на Captiva секако ќе игра значајна улога во освојувањето на пазарот. Основниот модел вози со 1,6-литарски со 115 КС, а опременоста во нивото LS вклучува контрола на стабилност, електрика на предни прозорци и на ретровизори, централна брава со далечинска команда, радио со приклучок USB, блутут, темпомат и поделена задна клупа. Покрај основниот бензинец, во понудата влегуваат уште 1,4-литарец со турбонатполнење и 140 КС, како и дизел од 1,7 литар со 130 КС. Купувачите имаат избор на верзија со погон само на предните тркала или на сите тркала.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus е најпродаван во свет

Fisker пред колапс?