за

Авантуристи со стари автомобили на тура околу Хималаите

транс-хималајска авантура 2019
транс-хималајска авантура 2019

Група авантуристи го заврши потфатот долг 5.540 километри, патувајќи со олдтајмери од кинескиот Ченгду до Катманду. По три недели на пат, петнаесетте автомобили и нивните тимови успешно ја извозеа првата Транс-Хималајска Авантура.

Да се вози низ Тибет и Непал, во подножјето на Хималаите, вклучувајќи неколку премини преку планинскиот масив – така повеќето авантуристи го замислуваат најголемиот автомобилски потфат во кој сакаат да се впуштат. Петнаесетина возила и нивните тимови штотуку завршија таков потфат.

Транс-Хималајската Авантура повеќе беше изведена како експедиција, отколку рели, со постојани предизвици што им ги поставуваа теренските, висинскитеи климатските екстреми. Дел од учесниците го искусиле и релито од Пекинг до Париз и затоа е релевантна нивната оцена дека ова е „најепската авантура што постои.“

Најстариот автомобил Bentley од 1925 година, најмладиот Land Rover од 2014 година

Возниот парк го сочинуваа автомобили во целиот историски дијапазон меѓу Bentley Super Sports од 1925 година, до Land Rover Defender од 2014 година, како најнов меѓу возилата. Од 15-те возила што ја минаа целта, дури единаесет беа олдтајмери.

andrea seed (Poppyseed Media Ltd)

Се доделуваа и соодветни награди „Духот на релито“ и „И покрај сите незгоди“. Првата награда ја добија две екипи: Доминик и Роузи Колинс во Jaguar Mk2 од 1959 година и Руди и Хелга Фридрихс во Land Rover Defender од 2014 година. Риди со својот Defender влечел шест возила преку озлогласениот „Boulder Pass“, а потоа извозел и посебна тура од 120 km за да донесе гориво, откако се дупнал резервоарот на едно од возилата.

Наградата „И покрај сите незгоди“ исто така ја поделија два тима: Марк Робинсон и Ивон Фулер со Rolls Royce 25/30 Coupe од 1937 година и Филип и Ивон Хеслам во Jaguar XK120 од 1954 година. Тешкиот Rolls имал постојани проблеми со горивото, па дури завршил и во ендек, по што бил извлечен со јаже. Хесламови, пак, се тие што имаа дупнат резервоар.

Искачување со автомобили до висина од 5.600 метри и возење во температурен дијапазон од -22 до +43 степени Целзиусови

Покрај тоа што се минуваше преку седумте најголеми реки во Азија, Транс-Хималајската Авантура стана автомобилска експедиција што најмногу се приближила до базниот камп на Хималаите. Достигнувањето е уште поголемо кога се има предвид дека возниот парк го сочинуваа два Rolls-Royce, Alvis 4.3 од 1937 година, Porsche 911 од 1965 година и два Mercedes 280 SL Roadster од 1970 година.

Организаторот Rally Round веќе прима регистрации за следниот потфат по Хималаите, кој ќе се вози во мај во 2020 година.

Сцени од првата Транс-Хималајска Авантура · andrea seed (Poppyseed Media Ltd)

Мото-рели со олдтајмери се вози на Истра во јуни

Малечкиот Fiat што го вози големото рели

Кога имаш возило што светот ти го прави дом

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen полначи европа мрежа

Volkswagen ќе постави 36.000 полначи ширум Европа

германија еколози азотни оксиди мерење

Германски еколози со екстремни вредности за NОx пред градинки и училишта