169
34 shares, 169 points

Владата на Трамп сака да ја врати американската индустрија во минатиот век и да го спречи пробивот на штедливите автомобили со ниска емисија на штетни материи. Некои од аргументите се чинат бесмислени и навистина смешни. Целта е да се задржат вработувањата во браншата, но и да се задржи високата потрошувачка на гориво. Загадувањето и последиците од него се неважни во плановите на Трамп

Американците навикнаа да живеат со фактот, дека Доналд Трамп реагира како шпански бик на црвен чаршав, на сите напори што неговиот претходник ги вложи во заштитата на животната средина. За светот не е новитет ниту фактот што американскиот претседател ги смета климатските промени како „фејк њуз“. Тоа што светот го нема слушнато досега е образложението, со коешто тамошните министерства за сообраќај и за животна средина планираат да ги укинат на законите за ограничување на потрошувачката на гориво, донесени уште во времето на Обама. Според овие министерства, преоѓањето на возила со пониска потрошувачка на гориво би предизвикало најмалку 12.700 дополнителни жртви на американските патишта до 2029 година.

Трамп сака просечната вредност на потрошувачката на гориво да биде фиксирана на 7,8 литри на сто километри во целата следна декада. Според плановите на Обама, потрошувачката на гориво требаше да се ограничи на 5,6 литри на сто километри меѓу 2020 и 2025 година, а потоа на само 4,3 литри до крајот на декадата. Намерата беше преку овие мерки да се постигне намалување на емисијата на СО2, како главна цел во борбата против климатските промени.

Сегашната влада смета поинаку и ги наведува следните три аргументи:

Аргумент број 1

Луѓето кои ќе ги набават штедливите автомобили, поради пониската потрошувачка на гориво ќе заштедат пари, а тоа ќе им овозможи да возат повеќе. На тој начин се зголемува опасноста од незгода.

Аргумент број 2

Автомобилите со пониска потрошувачка на гориво и соодветно пониска емисија на штетни материи, чинат повеќе пари. Тоа ќе предизвика намалување на продажбата на нови автомобили, коишто покрај пониска потрошувачка на гориво, обично исполнуваат и повисоки безбедносни стандарди од постоечките возила.

Аргумент број 3

Производителите ќе реагираат на построгите стандарди за заштита на животна средина на тој начин што новите генерации автомобили ќе станат помали и полесни, а со тоа и помалку безбедни.

Во врска со првиот аргумент, владата на Обама дојде до заклучокот дека Американците ќе извозат за 0,1% подолго растојание за секој еден процент намалување на потрошувачката на гориво. Универзитетите Јејл и Харвард извршија истражувања и дојдоа до заклучок дека оваа вредност е преценета и соодветно на тоа не постојат факти дека бројот на незгоди навистина би се зголемил.

Владата на Трамп пресметала дека штедливите автомобили чинат најмалку 1.900 долари повеќе од сегашните трошации во форма на дебели СУВ и пикапи

За вториот аргумент, владата на Трамп пресметала дека автомобилите според еколошките закони на Обама би поскапеле за најмалку 1.900 долари. Поради поскапувањето, помал број возачи би биле во состојба да го заменат стариот автомобил со нов, кој ќе биде и побезбеден и со повеќе системи за асистенција. Министерството за сообраќај аргументираше дека кај постарите автомобили многу почесто се случуваат незгоди со кобни последици. Научниците оценија дека оваа анализа е премногу едноставна, затоа што не се земени предвид ниту најосновните фактори.

За третиот аргумент: Владата на Tрамп аргументираше дека строгите ограничувања на потрошувачката на гориво би ја намалиле безбедноста, затоа што ќе се произведуваат помали, полесни и помалку безбедни возила. Но, индустријата уште одамна реагираше и ја смали тежината на автомобилите.

Американските производители веќе произведуваат драстично полесни возила: Бестселерот Ford F-150 денес тежи 300 килограми помалку

Најпопуларното возило во САД, пикапот Ford F-150, во актуелната генерација е за повеќе од 300 килограми полесен, првенствено поради примената на алуминиум. Од друга страна, анахроно е да се воспоставува врска меѓу безбедноста и тежината, во време кога европските и јапонските производители ги освојувааат максималните пет ѕвезди на тестот на Euro-NCAP. Денес се користат врвно изведени зони на гмечење, се применува челик со ултрависока цврстина, се вградуваат и напредни системи за асистенција.

автомобили милион примероци ford f-150

Напротив, кога големите СУВ и пикапи во САД би биле полесни, опасноста од повреди на патниците во другите возила кои учествуваат во незгодите би се смалила значително. Покрај тоа, улиците би станале побезбедни и за пешаците.

Според Трамп, животната средина може и да се уништи, но индустријата мора да работи по старо и државата мора да наплаќа од секој потрошен галон гориво

Тактиката на Трамп јасно укажува на следново: Затворање очи пред влијанието на емисијата на штетни материи од сообраќајот врз животната средина и врз луѓето, само заради зачувување на работните места во автоиндустријата.

Одлуката уште не е донесена. Калифорнија и уште 16 американски сојузни држави најавија спротивставување и бараат судска процедура. Станува збор за мошне чувствителна тема, особено ако се има предвид дека меѓузборите, „midterm elections“, се одвиваат на 6-ти ноември годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
34 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743