153
20 shares, 153 points

Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани шефовите на Daimler, BMW и Volkswagen во Белата Куќа. Се очекува на средбата да биде разговарано околу царинските разлики при увозот на автомобили

Доналд Трамп ги покани Дитер Цече (Daimler), Харалд Кригер (BMW) и Херберт Дис (Volkswagen) во Вашингтон. Претседателот на САД ќе разговара со шефовите на трите германски концерни по американскиот Ден на благодарноста, односно по 22-ри ноември. Се очекува на средбата да се разговара околу царините за европските автомобили, за кои Трамп досега предупреди повеќепати.

На американскиот претседател му пречи тоа што на Петтата Авенија во Њујорк минуваат голем број автомобили од германските премиум марки, додека во Европа е неколкупати помал бројот на автомобили од американските производители. Моментно за увоз на автомобил од САД во ЕУ се плаќа многу повисока царинска стапка, отколку во спротивниот случај. Засега не е потврдено дали Трамп лично ќе учествува во разговорите, или тоа ќе им го препушти на членовите на неговата влада.

Царините на ЕУ за автомобили од САД се многу повисоки од давачките за американските автомобили во Европа

Претходната средба на германските авто-босови со претставник на Трамп предизвика бурни реакции. Дис, Цече, Кригер и претставници од добавувачката индустрија, летоска имаа средба со Ричард Гренел, америакнскиот амбасадор во Германија. Уште на таа средба се разговарало за царините, односно германските шефови предложиле целосно укинување на царините за автомобили меѓу ЕУ и САД. Германските политичари гласно негодуваа на тој предлог.

Царините во основа претставуваат голема закана за германските производители на автомобили. Сите имаат изградено фабрики во САД, но и натаму извезуваат таму најмалку половина милион автомобили на годишно ниво. Оптоварувањето со повисока царина би ја зголемило заработката, затоа што производителите не можат одеднаш да ги поскапат своите автомобили за дваесетина проценти, без тоа да предизвика сериозен пад во продажбата.

Големите производители на автомобили веќе се соочуваат со последиците од царинскиот спор меѓу САД и Кина. Концерните располагаат со производствени капацитети и во Кина, но исто како во САД, секоја година извезуваат илјадници автомобили во азиската земја. Зголемуањето на царините како последица од трговскиот спор меѓу двете земји, соодветно ќе ги поскапи автомобилите, а со тоа ќе се намали заработката на автомобилските производители.

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Индиската Mahindra сака да им продава „џипови“ на Американците

Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот

Kia Sportage најдобар избор на СУВ за тинејџерите во САД

Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743