за

Трамп бара GM да ја врати во погон фабриката во Охајо

Доналд Трамп инвестиција Фолксваген

Американскиот претседател Трамп преку објава на твитер побара General Motors да го врати производството во Лордстаун, и тоа „под итно“. Последниот автомобил ги напушти фабричките хали минатата недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара производителот на автомобили General Motors да го врати производството во фабриката во американската сојузна држава Охајо. „Бидејќи економијата се развива одлично, General Motors мора да ја отвори својата фабрика во Охајо,“ објави Трамп на твитер.

Затворањето на фабриката на американскиот гигант се случува во време кога Toyota најавува инвестиција од 13,5 милијарди долари во своите локални фабрики

Според Претседателот, тоа може да се случи во друга форма или со нов сопственик, но важно е да биде брзо. Трамп посочува и на Toyota, којашто најави инвестиција од 13,5 милијарди долари во американските фабрики.

Во фабриката на којашто ѝ претстои конечно затворање, последниот автомобил беше произведен во минатата недела. „Лордстаун“ е една од неколкуте фабрики во САД кои General Motors мора да ги затвори и тоа претставува голем удар и за институцијата Претседател. Откако GM го најави затворањето на фабриките во минатиот ноември, Трамп се закани со укинување на субвенциите.

Трамп на твитер се израдува за инвестицијата на Volkswagen

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Калифорнија не ги сака „валканите“ автомобили на Трамп

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan IMQ

Во овие форми се крие следната генерација на Nissan Qashqai

Lamborghini Urus рекордна година

Lamborghini Urus донесе рекордна бизнис година во Сант Агата