за

Трамп се заканува со царини за автомобили од ЕУ: Проблем се јастозите

Трамп се заканува со царини за автомобили од ЕУ: Проблем се јастозите
Трамп се заканува со царини за автомобили од ЕУ: Проблем се јастозите

Американскиот претседател Трамп цени дека ЕУ „во толкава мера ја измамила оваа земја, што тоа е неверојатно“. Поради царините за увоз на јастог во Европа, тој повторно се заканува дека ќе воведе царини за европските автомобили во САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со воведување казнена царина за увоз на автомобили од Европа, доколку Унијата веднаш не ги укине царините за морски плодови од Соединетите Американски Држави. На тркалезна маса со претставници од браншата во американската сојузна држава Мејн, Трамп критикувал што ЕУ воведува увозни царини во висина од 20 проценти за јастог и други морски плодови од САД. Наспроти тоа, јастогот од Канада, кој потекнува од истиот регион, може и натаму да се увезува во ЕУ без царини.

„Канада не плаќа царини за истиот јастог од истите води, но ние плаќаме царина. Доколку Европската Унија веднаш не ги укине овие царини, ние ќе ги подигнеме царините за нивните автомобили.“ Според Претседателот, царините во САД би требало да се дури и повисоки од царините за увоз на американски автомобили во Европа. „Европската Унија толку ја има покрадено оваа земја, што тоа е неверојатно.“ Но, тој проблем „лесно се решава“.

Ќе им се јавам“, најави Трамп, мислејќи на Европејците. „Доколку тие не го сменат тоа, ние ќе ги оптоваруваме нивните автомобили со царини, сé додека не се сменат. А, тие ќе се сменат веднаш.“

Казнетите царини се омилено средство за притисок на владата на САД. Трамп подолго време се заканува со воведување царини за автомобили од ЕУ. Како образложение за тоа, Претседателот наведува дека се работи за наводна закана по националната безбедност. Повеќе автомобилски концерни од Европа имаат изградено големи фабрики во САД и на тој начин придонесуваат и за американската економија.

Трамп се заканува со повисоки царини за автомобили од ЕУ

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку чини дополнителната опрема за новата серија 4 на BMW

Колку чини дополнителната опрема за новата серија 4 на BMW

Volkswagen T-Roc Cabriolet

Сите прават СУВ, Volkswagen прави СУВ-кабриолет