за

Трамп уште ја држи ЕУ во неизвесност околу авто-царините

Трамп, царини, автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го одложи донесувањето одлука за дополнително царинско оптоварување за увозот на автомобили од Европа. Според Белата Куќа, увозот на европските возила претстасвува закана за националната безбедност.

На американскиот претседател не му се допаѓа увозот на автомобили од ЕУ во САД. Но, Доналд Трамп и натаму го одложува донесувањето одлука околу зголемувањето на царините. Според агенцијата Блумберг, претседателот на САД ќе ги присили европските производители самите да го скусат извозот на автомобили. Во спротивно, за нивните возила ќе следат драстични царини на големиот пазар од другата страна на океанот.

Слично барање од Вашингтон било испратено и до јапонските производители, кои исто така имаат моќна автомобилска индустрија и извезуваат голем број возила во САД. Политиката на ЕУ досега се сведува на преговори, но Унијата најави дека исто така ќе одговори со контра царини, во случај Трамп навистина да се реши за драстичната мерка.

Намерата на американската политика е да се заштитат домашните производители и да се зачуваат работните места. Но, големите автомобилски концерни во земјата искажаа став дека се против воведување царини. Официјално, САД се присилени да воведат царини, поради силната улога на странските производители, со којашто наводно се загрозува националната безбедност, затоа што американските автомобилски компании не можат да развиваат нови технологии, загрозени од силната конкуренција.

Во сабота се очекува Трамп да донесе решение околу царините за автомобилите

Трамп може да избере царини за сите држави или само за одредени држави, но може и натаму да го одложува клучниот чекор, оставајќи повеќе време за преговори. Претседателот има 90 денови да реши околу царините, откако американското министерство за трговија во февруари поднесе истражување до Белата Куќа, дали увозот на автомобили претставува опасност за националната безбедност. Овој рок истекнува во сабота, на 18-ти мај.

Царините најмногу ќе ги погодат германските производители, кои извезуваат многу во САД. Концерните Volkswagen, Daimler и BMW располагаат и со сопствени фабрики во земјата. Возилата произведени во овие фабрики, меѓу другото се извезуваат и во Кина. Оттаму, пак, исто така се закануваат со дополнителни царински оптоварувања.

Трамп бара GM да ја врати во погон фабриката во Охајо

Кој го сака кабриолетот на Трамп?

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai развива паметен филтер за кабина

Renault EZ-Pod: Кога одењето пеш ќе излезе од мода