169
22 shares, 169 points

Toyota со право го води финското рели како домашно. Со легендата Томи Макинен како шеф на тимот, со фински возачи и со голем дел од развојната програма на Yaris WRC мината по терените во скандинавската земја, чесно беше Toyota да ја постигне и третата последувателна победа на ова рели.

Уште едно Рели Финска и уште една победа на Toyota Gazoo Racing, трета по ред. Со победата, От Танак го зголеми водството во конкуренциај на возачи, додека третото место на Јари-Мати Латвала донесе уште еден рекорд. Од враќањето во рели-спортот во 2017 година, Toyota секогаш освојува по две места на подиумот.

От Танак го презеде водството уште во саботата. Предност од 16,4 секунди продолжи да се зголемува во финалниот ден, кога брзиот Естонец прослави јубилеј. Тоа беше негова 200-та победа на брзинец, 120-та во Toyota Yaris WRC и 50-та во тековната сезона.

Јари-Мати Латвала и совозачот Мила Антила првпат сезонава се качија на подимуот, по осумте етапни победи. Крис Меке долго беше во игра за победа, но во неделата удри во карпа.

По финското рели, От Танак води во конкуренција на возачи со 180 бодови, Крис Меке е шести, Јари-Мати Латвала сега е едно место погоре, на деветтото. Следно е Рели Германија, од 22-ри до 25-ти август.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

169
22 shares, 169 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *