143
19 shares, 143 points

Урбаниот крузер се враќа во понудата на Toyota. Тоа што Јапонците го претставија со Urban Cruiser во 2008 година беше премногу пред времето. За салонот во Женева во март се подготвува премиера на СУВ-модел врз база на новиот Yaris.

Toyota подготвува една светска премиера и неколку европски премиери на салонот во Женева (од 5-ти до 15-ти март). На пролетниот автомобилски салон покрај Лак Леман, јапонскиот производител првпат ќе го прикаже пред светот новиот СУВ-модел во Б-сегментот, односно модел врз основа на Yaris.

Најновиот модел на Toyota спојува две силни страни: Од едната е долгогодишното искуство во сегментот на градските автомобили, од другата страна е долгата традиција на СУВ-модели. Новиот модел, чиешто име уште не се открива, комбинира зголемено растојание од подлогата и интелигентен погон на сите тркала. Како печат на марката, доаѓа и хибридниот погон. Тоа е реткост во сегментот на градските автомобили, кадешто 4×4 и хибрид се достапни само уште во Suzuki Vitara.

Покрај новиот СУВ врз база на Yaris, на швајцарскиот салон ќе биде прикажан и новиот Yaris, како европска премиера. Уште еден важен новитет за Европа е изведбата на RAV4 со приклучен хибриден погон (plugin-hybrid)

Посебно подрачје од штандот ќе му припадне на Mirai од втората генерација. Новата лимузина со водороден погон е уште еден чекор понапред во насока на иднината на ова погонско решение, коешто е супериорно во однос на сите останати погони што индустријата ги нуди во моментов.

Toyota Yaris GR

Салонскиот настап на Toyota ќе го заокружат два модели од спортскиот огранок GR, кои исто така првпат пристигаат во Европа. Тоа се GR Yaris и изведбата на GR Supra со дволитарски турбо-бензинец, како нова основна верзија на спортското купе.

Мотоспортот отсекогаш се пишувал со големи букви кај јапонската марка, па и сега не е исклучок. Во Женева ќе се прикаже Yaris WRC од актуелното првенство во рели, како и Hilux со којшто Фернандо Алонсо годинава настапуваше на Рели Дакар.

Премиерата на Yaris SUV пред медиумите ќе се одржи веќе на 3-ти март, . Настанот ќе се пренесува во живот, со почеток во 11.15 часот и истиот ќе може да се следи на јутјуб


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *