Денес е многу поедноставно да се создаде СУВ, отколку да се осмисли добар автомобил за градското секојдневие и за повремено патување. Во Toyota знаеме дека го обожуваат предизвиците од секаков вид, па и овој. Во време кога свежи пристигаат Peugeot 208, Opel Corsa и Renault Clio, Јапонците ценат дека нивниот концепт е подобар, па речиси ненадејно го претставуваат Yaris. Дали меѓу градските автомобили ќе се случи истиот пробив како што Corolla го постигна тоа меѓу компактите?
Купувачите на возило од градската или компакт класата денес имаат најголеми очекувања од својот автомобил. Тој треба лесно и брзо да се пробива низ градскиот метеж, да изгледа привлечно, да биде практичен, да се паркира во еден потег, па и да биде комфорен ако се патува подалеку. Во исто време, а можеби и најважно од сé, трошоците за одржување треба да бидат ниски, а безбедноста највисока колку што може.
Новата Toyota Yaris е прв градски автомобил што ја следи платформската стратегија TNGA, односно прв модел што ја користи новата варијанта на платформата GA-B. Има и нови трицилиндарци, а за хибридната варијанта воопшто и не треба да има сомнеж дека останува во понуда. Таму исто така има новитет, хибридниот погон на Toyota во меѓувреме созреа до четвртата генерација.
Активни и пасивни системи за асистенција пристигаат од Corolla, којашто поставува веројатно највисоки стандарди во тој поглед во компакт класата. Toyota не се воздржува да најави веднаш дека Yaris е меѓу најбезбедните модели во својата класа.
Во продолжение го објавуваме првиот сет фабрички фотографии, повеќе информации во наш стил ќе следат наскоро.
Новата Toyota Yaris, но ќе ѝ личеше и таа да биде Starlet
…и токму кога се чинеше дека целата сцена во класата на градските автомобили ќе им припадне на Peugeot 208 и Renault Clio, доаѓа Yaris. Ќе имаме ли и тука враќање на името во Starlet, како што беше случај со Auris –>> Corolla. Инаку, смалена Corolla, веројатно најголемото изненадување годинава
Posted by Automedia.mk on Wednesday, October 16, 2019