130
20 shares, 130 points

Во фабриката на Toyota во Мотомачи од којашто излегуваше легендарниот Lexus LFA почнаа да возат вилушкари со погон на водород. Тоа е добро за животната средина и за имиџот, а на светскиот број 1 му обезбедува и вредни искуства во примената на водородот.

Дваесет вилушкари со погон на водород од денес возат во фабриката во Мотомачи, којашто ги има произведено најголемите моделски легенди на јапонскиот производител, меѓу кои и Lexus LFA, а моментно го изработува гран-туризмото LC. Тоа е дел од таканаречениот Еколошки Предизвик на Toyota 2050, односно од посебниот план којшто има за цел постигнување нулта емисија на СО2 од фабриките на Toyota.

Во фабриката на Toyota во Мотомачи ќе работат 180 вилушкари со погон на водород до 2020 година

Заслуга за ангажирањето на водородните вилушкари во фабриката на Toyota имаат и министерствата за животна средина и за економија, кои се залагаат за користењето на водородот како погонско гориво во индустриските возила.

Van Hool ќе испорача 40 автобуси на водород во Германија

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места

Ако некој воопшто се двоуми, вилушкарите се од сопствено производство, исто како и станицата за точење водород. Горивните ќелии практично се „моторот“ на овој погон. Во нив се врши хемиска реакција меѓу водородот од резервоарите и кислородот од воздухот, којашто резултира со електрична струја. Со оваа струја потоа се напојуваат погонските електромотори. Тоа објаснува зошто возилата со водороден погон се водат како електрични возила. Разликата е во тоа што нема батерија, туку има резервоари со водород. Штетна емисија не постои, полнењето на резервоарите со водород трае најдолго три минути.

Водородните вилушкари може да се користат како извор на струја во итен случај

Уште едно генијално својство на вилушкарите на водород е тоа што поради нивната способност за производство на струја може да се користат како извор на електрична енергија во случај на прекин во дистрибутивната мрежа. За потсетување, семејната лимузина Toyota Mirai веќе неколку години се продава на светскиот пазар – и користи водород.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
20 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *