за

Toyota сама си произведува енергија за европската централа

Toyota сама си произведува енергијата за европската централа
Toyota сама си произведува енергијата за европската централа

Toyota самостојно произведува чиста енергија за сопствените потреби, барем за дел од нив. Во европската централа на компанијата во Брисел, автомобилскиот производител пушти нова ветерница, како и соларна постројка со 1.400 модули. Централата на тој начин се снабдува со електрична енергија произведена од природата.

Европската централа на Toyota е прва компанија во регионот на Брисел, којашто има поставено сопствена ветерница во кругот на компанијата. Со капацитет од 10 kW, уредот може годишно да произведе 24 MWh струја. Ветерницата користи посебна технологија. Тоа што перките се поставени вертикално, обезбедува нејзино ефикасно работење, независно од која страна дува ветрот, додека самата површина на перките е изведена како „крило на утка“, со цел да се постигне безшумна работа. Со висина од 23 метри, ветерницата не им пречи на авионите на блискиот аеродром Завентем.

Друг извор на чиста енергија се 1.400 фотоволтаички модули, што се поставени на покривот на центарот за постпродажба. Тие можат да постигнат максимално 460 kWp и за една година да проиведат околу 360 мегаватчасови струја.

Една десетина од вкупната потреба од енергија во своето делување во Европа, Toyota го покрива со локално произведена струја

Toyota во Европа преоѓа на целосно користење на обновлива енергија во сите подрачја на делување. Целта е постојано да се зголемува уделот на т.н. „зелена“ енергија. Соларни покриви и ѕидови испорачуваат струја за фабриките во Англија и Франција, додека логистичкиот центар во Зебруге, во Белгија, се снабдува со локално произведена струја од ветрот. Во иднина, Toyota во Европа ќе покрива над 10% од потребата од локално произведена струја.

Во исто време се вградуваат диодни светилки, се заменуваат клима уредите со нови и се вградуваат нови контролни уреди за објектите. На тој начин, само во Европа се смалува потрошувачката на струја за 35 проценти, од 5 GWh на 3,3 GWh годишно.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Triumph Scrambler 1200 Bond Edition

Triumph Scrambler со поздрав од Џејмс Бонд

продажба нови автомобили

На плацевите во Германија чекаат автомобили вредни 15 милијарди евра