за

Toyota купи акции во телекомуникациите, заживува „Плетенград“

Toyota купи акции во телекомуникациите, заживува „Плетенград“
Toyota купи акции во телекомуникациите, заживува „Плетенград“

Корпорацијата Toyota Motor и јапонската компанија за телекомуникации NTT стапија во алијанса. Целта е да се поттикне и забрза формирањето на интелигентни градови. Овие таканаречени Smart Cities се раководат според потребите на своите жители и се развиваат постојано.

Toyota и NTT соработуваат веќе три години. Нивната соработка досега беше посветена на вмрежувањето на возилата, сега следи проширување на услугите и зголемување на нивниот обем. Компаниите на овој начин излегуваат во пресрет на промените во своите подрачја на делување. Додека автомобилската индустрија се соочува со промени во побарувачката на пазарот, сé построгите прописи за заштита на животната средина и на безбедноста, во технолошкиот напредок, исто како и во новата конкуренција, така во телекомуникацијата расте значењето на дигиталните услуги – почнувајќи од решенија базирани на податочен облак, преку интернет, до вештачка интелигенција.

Од автопилот, роботизирани возила, лична мобилност, паметни домови или вештачка интелигенција – паметните градови ги обединуваат сите овие технологии и на тој начин го збогатуваат животот.

Toyota на саемот за електроника во Лас Вегас, во почетокот на годинава, претстави сопствен проект за таков град, за Smart City. На просторот на фабриката Хигаши-Фуци на Toyota, којашто ќе престане со работа на крајот на годинава, ќе се гради таканаречениот Woven City, Плетенград. Во него ќе бидат вмрежени сите видови на производи и услужни дејности, со цел на жителите да им се олесни секојдневието. NTT располага со податоци и напредни технологии, што се непроценливо вредни за развојот на вакви интелигентни градови и региони.

Преку Smart City Platform, автомобилскиот гигант Toyota и партнерот NTT во иднина ќе нудат база за интелигентни градови во Јапонија и во светот. Платформата содржи најразлични системи и се грижи за управување и користење на податоците. На тој начин ќе се поттикнува развојот на градовите.

Со формирањето на новата алијанса, Toyota купува 80.775.400 акции во NTT, што одговара на 2,07 од акциите на компанијата што се пуштени во оптек, во вредност од 200 милијарди јени (околу 1,67 милијарда евра). За возврат, NTT презема 29.730.900 акции на Toyota, што одговара на 0,9 процент од издадените акции и има иста вредност.

Деталите за Плетенград ќе се објавуваат на:

https://www.woven-city.global/

Нашите објави:

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Toyota ги испробува можностите на блокчеин-технологијата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Polestar 2 производство Кина

Започнува производството на електричниот Polestar 2 во Кина

Mitsubishi Delica D 5 good design

Mitsubishi има добар дизајн и награда за тоа