157
20 shares, 157 points

Нова технологија на Toyota користи електростатски набој место воздух и постигнува врвна ефикасност во лакирањето. Корист има животната средина, лакирницата може да биде помала. Останатите производители можат да ја користат технологијата, доколку платат лиценца.

Корпорацијата Toyota разви нов пиштол за лакирање. Станува збор за „Airless Paint Atomizer“, којшто користи статички електрицитет место воздух и на тој начин постигнува ефикасност од преку 95 проценти во лакирањето. Тоа е нов рекорд. За споредба, обичните пиштоли што користат воздух постигнуваат ефикасност меѓу 60 и 70 проценти.

Степенот на ефикасност претставува сооднос меѓу количината на бојата што се прска и количината што се прилепува на каросеријата. Обичните пиштоли за лакирање ги користат аеродинамичните сили, но одредена количина честички од бојата се одбива откако ќе удри во површината на каросеријата. Поради тоа се смалува ефикасноста.

Новиот „безвоздушен“ модел користи електростатски полнеж за да го распрска лакот, при што статички наелектризираните честички се движат кон каросеријата на возилото. Тоа се постигнува со помош на цилиндрична глава што ротира и прави количината на боја што се прска да биде оптимална. За таа цел, дополнително се користи и регулација на струјата со висока прецизност. На тој начин се овозможува и лакирање од многу блиску.

>>> Место каросеријата да се „бомбардира“ со честички боја, при што одреден дел честички се одбиваат од површината, тука честичките боја се привлечени од каросеријата и се прилепуваат за неа; Нема „прскање“, може да се работи од поблиску и собирниот канал може да биде помал
New photo by Automedia MK / Google Photos

Зголемената ефиакасност е добра и за животната средина. Со новиот безвоздушен пиштол, концернот Toyota ќе ја смали емисијата на СО2 во процесот на лакирање за околу 7 проценти. Собирниот канал на подот на кабините за лакирање може да биде помал и со тоа се овозможува идните класични лакирници да се изведуваат со покомпактни димензии.

>>> Со менување на силината на напонот може дополнително да се влијае врз постапката на лакирање; Технологијата моментно се користи во две фабрики во Јапонија
New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот пиштол веќе се користи во фабриките на Toyota во Такаока и Цуцуми. Наскоро ќе следат и останатите фабрики. Смалувањето на емисијата на СО2 во сите подрачја на делување на компанијата се дел од стратегијата „Toyota Environmental Challenge 2050.

Toyota планира лиценцата за технологијата да им ја продава и на останатите компании.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *