за

Toyota и Subaru развиваат заедничка платформа

Toyota Subaru sorabotka elektricni vozila
Toyota Subaru sorabotka elektricni vozila

Јапонските концерни ги здружуваат своите сили во електричниот погон. Toyota и Subaru веќе соработуваат одлично, ова е следното проширување на соработката.

Јапонските автомобилски концерни Toyota и Subaru заеднички ќе развиваат платформа за возила со погон на батерија. Платформата ќе биде основа за различни видови возила, вклучувајќи лимузини и СУВ-модели во компакт и во средната класа. Користењето заедничка платформа ќе го поевтини и поедностави изведувањето на најразлични моделски варијанти.

Првиот заеднички модел ќе биде електричен СУВ во компакт класата, што би бил позициониран меѓу сегашните C-HR и RAV4. Дел од договорот е Subaru да ги пресели своите постоечки проекти во подрачјето на електричниот погон, во новиот заеднички проект со Toyota.

Најсилната страна на Subaru во оваа соработка е неговата експертиза во погонот на сите тркала, додека Toyota е неприкосновена во подрачјето на електрификацијата на погонската спрега. Од потпишувањето на првиот договор за соработка во 2005 година, Toyota и Subaru имаа заеднички проекти во најразлични подрачја, вклучувајќи ги развојот, производството и продажбата. Примери за тоа се спортските купе Toyota GT86 и Subari BRZ, како и продажбата на Subaru Crosstrek Hybrid на пазарот во САД. Во овој модел со плагин-хибриден погон работи техника на Toyota.

Водородни автомобили Toyota Mirai за Светскиот Олимписки Комитет

Toyota C-HR е најпродаван хибрид во Германија

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Оваа лимузина е Toyota и за Lexus

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Koleos osvezuvanje

Renault Koleos доби нови мотори и вози покомфорно

volkswagen полначи европа мрежа

Volkswagen ќе постави 36.000 полначи ширум Европа