за

Toyota во Германија организира средба со возачките милионери

Toyota sobir milionska kilometraza
Toyota sobir milionska kilometraza

Не постои ризик дека овој собир ќе мине со малку автомобили. Увозникот на Toyota во Германија во следниот викенд организира средба со возачите кои со своите автомобили од марката имаат извозено најмалку 100.000 километри.

Во најголемиот центар со историски возила на Toyota во Европа, кој се наоѓа во седиштето на германскиот увозник на марката во Келн, вторпат се одржува „средба на милионери“. Следниот викенд таму ќе мине во знакот на традиционалната издржливост на автомобилите на Toyota и Lexus, кои имаат изминато најмалку 100.000 километри.

За автомобилите на Toyota е вообичаено да постигнуваат врвен пласман во бројни истражувања и студии што се однесуваат на издржливоста и квалитетот. Затоа е погодена смислата да се организира ваков вид на собир, кадешто своевидно се прославува робусноста на автомобилите на јапонската марка, докажана преку километражата.

Шампион на ланската средба беше Toyota Avensis со еден милион извозени километри. Во меѓувреме, уште се свежи вестите од САД, со коишто се јавуваше за многубројни примероци од пикапите на Toyota, чијшто бројач покажува и над еден милион милји, односно повеќе од 1,6 милион километри.

Возила со голема километража и технички беспрекорна состојба, на настанот ќе добијат налепница и плакета за членство во ексклузивниот клуб

Присутните фанови и ентузиајсти ќе можат од експертите на Toyota да ги дознаат тајните за постигнување рекордерски километражи, како и да слушнат совети од возачите. Секако дека и Toyota обезбеди неколку возила, како „милионерскиот“ Lexus LS 400, кој уште вози со првиот мотор и менувач, или победничкиот прототип од Леман, Toyota TS050 Hybrid, како доказ дека ниту екстремните оптоварувања на трка не можат да му наштетат на тоа што е конструирано и произведено добро. Слична порака ќе пренесуваат Toyota Corolla WRC и Toyota Land Cruiser, кој во секое време е подготвен за нова авантура.

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

koenigsegg regera rekord 400

Додека трае најава на дневник Koenigsegg ќе забрза до 400 и ќе запре

SsangYong Korando Nov

SsangYong има две „причини“ да ни недостига