за

Toyota Sienta во оригинален јапонски стил

Јапонците многу добро знаат како да се издвојат во толпата со различен дизајн. Мултинаменскиот ван Sienta ја следи оваа традиција, а дизајнерите на Toyota ја црпеа инспирацијата од еден необичен извор.

Во Јапонија отсекогаш се продавале модели што свесно се конципирани да се издвојуваат во уличната слика, па дури и ако повеќето луѓе не можат да препознаат убавина во тие автомобили. Новата Toyota Sienta е пример за таков автомобил, ван во царството на вановите.

Toyota реши да ја замени актуелната генерација на семејниот ван по дури 12 години, но секако ја продолжува традицијата со крајно впечатливиот стил на возилото. Светскиот број 1 не сака Sienta да биде замо уште еден модел во метежот од здодевни и функционални, но неинвентивни ванови.

Инспирацијата за Sienta доаѓа од – не се работи за шега – спортска обувка или народски, патика! И вистина, со косите линии во предниот браник и високите и заоблени страници на каросеријата, Sienta личи на патика. Огромните лизгачки врати со висина од 1,3 метар го ослободуваат просторот до кабината, каде што има простор за најмногу седум патници во три реда. Во најдобриот јапонски манир, кабината се одликува со врвна функционалност и практичност.

Во погонот има избор на хибридна и нехибридна варијанта. Првата има 1,5-литарски бензинец со 74 КС во комбинација со електромотор од 61 КС и менувач CVT. Сето тоа дава системска моќност од 100 КС, погон на сите тркала и просек од 3,7 l/100 km. Обичната варијанта вози со нов 1,5-литарски бензинец кој работи според еткинсоновиот принцип за заштеда на гориво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hummer во опасност од пожар: 200.000 примероци на поправка во сервис

Трка на премиум марките: Кој ќе биде број 1 до крајот на годинава?