за

Тоа е доведување во мат-позиција: Toyota RAV4 најавува плагин-хибрид

toyota-rav4-plugin-hybrid-los-angeles
toyota-rav4-plugin-hybrid-los-angeles

Во ерата на електрификацијата не е прашање дали одредена марка ќе понуди хибриден или електричен погон, туку е прашање колку возачите ќе ѝ веруваат на марката во „новиот“ погон. Кај Toyota барем не може да стане збор за нов погон, а уште помалку за недоверба. Хибрид-шампионот наскоро стартува со плагин-хибрид во RAV4, инаку втор модел на Toyota со овој вид на погон.

Toyota го најавува најсилниот RAV4 на сите времиња, за салонот во Лос Анџелес (од 22-ри ноември до 1-ви декември). Премиерата е во земјата на големите СУВ-модели и во рајот за моторите V8, но тоа воопшто не значи дека и RAV4 ќе добие таков мотор. Напротив, во него ќе проработи плагин-хибриден погон. Не е првпат Јапонците да го понудат ова погонско решение, коешто во основата е класичен хибрид, но со можност батеријата да се полни надворешно – плус батеријата е поголема отколку во стандардниот хибрид.

Малку детали се познати пред премиерата и Toyota остава простор за шпекулации околу погонската комбинација. Посебно за новата погонска изведба е развиена суперсонично црвена боја, во којашто и ќе се појави плагин-хибридниот RAV4 на премиерата. Судејќи според спортската нота што ја прикажува досега единствената објавена фотографија од моделот, под хаубата е сосем извесно дека ќе остане 2,5-литарскиот бензинец од класичниот хибрид, односно нема да се користи спрегата од Prius PHV или комбинација со новиот дволитарски бензинец.

Батеријата во Toyota Prius PlugIn Hybrid, како моментно единствена варијанта со овој погон во понудата на марката, располага со литиум-јон батерија со капацитет од 8,8 kWh, што овозможува досег на струја до 59 километри. Изведбата на RAV4 со плагин-хибрид сигурно ќе поседува батерија со поголем капацитет, со тоа што како основа на погонската спрега веројатно ќе се користи техниката од Lexus NX 300h – плус поголема батерија и можност за приклучување за полнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi ECLIPSE CROSS

Mitsubishi со рекордна продажба во првите 9 месеци

Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain

Тестови на Ford: Достава со хибридни комбиња за почист воздух