за

Toyota RAV4 со плагин-хибрид како рутинска вежба

Toyota RAV4 Plug-in hybrid
Toyota RAV4 Plug-in hybrid

Изведување плагин-хибриден погон ќе беше голема вест кај секоја друга марка, освен кај пионерот на хибридниот погон Toyota. За нив, верзијата на RAV4 со кабел за приклучување во струја е само рутинска вежба. Таа сепак ќе го претставува врвот во гамата на СУВ-бестселерот.

Актуелната генерација на RAV4 се снаоѓа на пазарот одлично и со хибридниот погон, кој патем во европски рамки уште се продава трипати повеќе од плагин-хибридите и двапати повеќе од автомобилите на батерија. Пионерот на погонот со две срца сепак почнува да вложува и во плагин-хибридниот погон. На салонот во Лос Анџелес (22-ти ноември до 1-ви декември), Toyota ќе претстави изведба на RAV4 со приклучок за надворешно полнење на батеријата. Тоа ќе биде втор модел во актуелната понуда на јапонската марка со овој вид на погон, покрај Prius PHV.

Продажбата на Toyota RAV4 со плагин-хибрид ќе стартува во втората половина од следната година. Марката воедно ја искористи оваа пригода да ги соопшти бројките од продажбата, а ималоо и што да се соопшти. Со 120.000 примероци, RAV4 е меѓу најпродаваните модели во СУВ-сегментот во Европа. Притоа, повеќе од 105.000 клиенти ја избрале изведбата со хибриден погон.

Изведбата со „штекер“ ќе биде топ-модел во гамата на RAV4, но и во целата хибридна понуда на Toyota; Lexus е веќе друга приказна

Toyota уште не открива податоци за системската моќност и други релевантни податоци за погонската спрега, но посочува дека RAV4 Plug-in Hybrid ќе прерасне во нов знаменосец во целата понуда од хибридни модели на Toyota. Тоа се однесува на моќноста и перформансите, ефикасноста, управливоста на платформата GA-K и на способноста на „електричниот“ погон на сите тркала.

Prius со плагин-хибриден погон вози веќе две генерации и тоа искуство учествувало во развојот на новата верзија на RAV4. Батеријата е литиум-јонска, со висок капацитет, во комбинација со дополнителна трафо-секција.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Производителот ветува над 60 километри досег при возење само на батерија, според реалната норма WLTP. Тоа е повеќе од конкурентите, но и повеќе од 50-те километри, колку што европскиот возач во просек патува со автомобил до работа, во случај кога работното место не е во градот на живеење.

Од верзијата на плагин-хибридниот погон на Toyota се очекува да биде различна од конкуренцијата (ако не е прегрубо да се каже понапредна), затоа што 20-годишното искуство на марката со сериски возила со хибриден погон се покажува, кога хибридна Toyota ќе се спореди со плагин-хибрид со „потрошена“ батерија. Интелигенцијата на погонот на Јапонците е тоа што ја прави разликата. Тоа се објаснува наједноставно: Додека плагин-хибридите со истрошена батерија возат како обични бензинци, Toyota се докажува како хибрид во секој момент од возењето.

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 2)

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG GLS 63

Mercedes-AMG GLS 63: Забава за 612 КС на површина на дневна соба

General Motors поднесе тужба против Fiat Chrysler

General Motors поднесе тужба против Fiat Chrysler