134
18 shares, 134 points

Хибридниот погон и натаму владее на пазарот на возила со електрифицирана погонска спрега во Европа. Со близу 60.000 возила во мај, моделите со хибриден погон се продаваат речиси трипати повеќе од автомобилите на батерија и четирипати повеќе од плагин-хибридите. Toyota RAV4 е најпродаван хибрид, Mitsubishi Outlander е шампион кај плагин-хибридите, Renault Zoe кај електричарите.

Како ретко досега, продажната статистика од европскиот автомобилски пазар во мај носи возбудливост како француски трилер. Во претходната објава за најпродаваните 25 модели ја видовме Dacia Sandero на третото место и посведочивме за успехот на новата Toyota Corolla, којашто во минатиот месец имаше најголемо зголемување во продажбата и сигурно граби напред кон Топ 25. На Volkswagen T-Roc му преостанува да притисне уште малку посилно врз гасот и да го преземе врвот во сегментот на СУВ и кросовери. Одличен напредок и за A-Class, на 20-то место, со речиси 50% повисока продажба отколку лани во мај.

Најголемите промени сепак се случуваат во делот од пазарот што им припаѓа на автомобилите со електрифицирана погонска спрега. Сите хибриди, плагин хибриди и „батериски“ електрични автомобили, во мај постигнале продажба од 94.000 примероци. Тоа одговара на пазарно учество од 7,1 проценти. Во оваа статистика влегуваат само продажбите од 18-те најголеми економии во ЕУ, но и тоа е доволно репрезентативно за целиот европски пазар.

Пазарниот удел на овие автомобили брзо ќе ја достигне првата „звучна“ вредност од 10 проценти. Лани, возилата со електрифицирана погонска спрега учествуваa со 5,3 проценти во вкупниот пазар, годинава веќе со 7,1 проценти

Продолжува трендот на откажување на европските возачки и возачи од дизелот продолжува. Во мај, помалку од една третина (32%) од вкупната продажба во мај отпаѓала на возила со дизел мотор. Лани во мај, нивниот удел изнесувал 36 проценти. Возачите преоѓаат на модели со бензински мотори, но уште повеќе се решаваат за модел со електрифицирана погонска спрега. Во мај, 59 проценти од продадените возила имале бензински мотор, наспроти 57% во истиот месец лани.

Хибридите држат две третини од сегментот на „алтернативните“ и уште напредуваат со 35% во мај, но вистински продажен бум се случува кај батериските, со +85%

New photo by Automedia MK / Google Photos

Вкупна продажба на автомобили според видот на електрификација на погонската спрега

(во мај, ЕУ 18)

Вид на погон
Продажба во мај
Тренд во %

HEV

59.600

+35

PHEV

13.400

-13%

BEV

22.800

+85

Објаснување на кратенките: HEV = Hybrid Electric Vehicle (хибриден погон), PHEV = Plug-in Hybrid Electric Vehicle (плагин-хибриден погон), BEV = Battery Electric Vehicle (батериски електрични возила)

Топ 5 Хибридни модели во мај 2019

New photo by Automedia MK / Google Photos
  • Toyota RAV4; 10.410 примероци
  • Toyota Corolla; 9.014 примероци
  • Toyota C-HR; 8.702 примероци
  • Toyota Yaris; 7.887 примероци
  • Kia Niro Hybrid; 3.115 примероци

Топ 5 Плагин-хибридни модели во мај 2019

mitsubishi outlander phev

  • Mitsubishi Outlander PHEV; 3.257 примероци
  • Mini Countryman; 1.120 примероци
  • BMW серија 5; 1.062 примероци
  • BMW серија 2 АТ; 1.045 примероци
  • Kia Niro PHEV; 1.045 примероци

Топ 5 Електрични модели во мај 2019

Renault Zoe ZE50
Renault Zoe ZE50
  • Renault Zoe; 4.031 примероци
  • Tesla Model 3; 2.802 примероци
  • BMW i3; 2.580 примероци
  • Volkswagen e-Golf; 1.946 примероци
  • Nissan Leaf; 1.603 примероци


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
18 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *