138
19 shares, 138 points

Специјализираното издание на Ауто Билд во коешто се објавуваат само тестови на автомобили даде одлични оцени за Toyota RAV4 Hybrid во споредбата на десет СУВ-модели во компакт класата. Според магазинот Ауто Тест, јапонскиот СУВ-пионер освојува бодови со задржувањето на вредноста, со еколошката погодност и со добрите оцени од сопствениците.

Секако дека во оцената учествува и хибридниот погон, кој се цени како моќен и ефикасен. Покрај тоа што постигнува најниска потрошувачка при градско возење меѓу десетте модели на тестот, RAV4 се одликува и со одлични теренски својства, како и со лесно ракување.

Хармонијата е главна одлика во работата на одделните компоненти од погонската спрега. Без разлика дали во моментот работи моторот или погонот целосно го презема електромоторот „кога се разговара со совозачот, тешко е да се погоди каков погон користи RAV4 во тој момент“, пишува во тестот. „На тој начин се постигнува најниската можна потрошувачка, без потреба да се применува штедлив стил на возење.“

Решавачката предност на RAV4 се покажува во заклучната пресметка. На компактниот СУВ му се проценува преостаната вредност од 70% по две години и 40.000 километри, според Шваке. Редакцијата на Ауто Тест дополнително ја оценува и еколошката погодност. Во тој поглед, Toyota освојува 72% од максималните бодови, гледано во целиот животен век на автомобилот.

Авторите на Ауто Тест: „Хибридите на Toyota имаат легендарна издржливост“

Уште една доблест на RAV4 е индексот на задоволство на сопствениците на моделот, којшто се пресметува од страна на познатата консултантска компанија Џеј Ди Пауер. Според тој индекс, 79 проценти од сопствениците на Toyota RAV4 немале никакви проблеми, ниту пак имаат посериозни забелешки за автомобилот. Сето тоа веродостојно го заклучуваат и авторите на тестот: „Хибридите на Toyota имаат легендарна издржливост“.

>>> Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“
Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“
Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *