за

Toyota меѓу малкуте марки што растат во Европа

Toyota меѓу малкуте марки што растат во Европа
Toyota меѓу малкуте марки што растат во Европа

Европа и Јапонија се главните двигатели на продажбата на Toyota во светски рамки. Концернот во вториот квартал продал 2,3 милиони возила, од кои повеќе од 270.000 примероци се регистрирани во Европа. Кога некоја марка расте за 8,4 проценти, во услови кога целиот пазар е во минус не е погрешен заклучокот дека Toyota ги презема купувачите од конкурентските марки.

Корпорацијата Toyota Motor ги објави резултатите за вториот квартал годинава. Трендот е ист во сите подрачја: Toyota продолжува да расте. Вкупната продажба на возила на светскиот пазар, во периодот од април до јули се зголемила за 3 проценти, на 2,3 милиони возила. За три месеци е постигнат промет од 62,16 милијарди евра (+3,8%), додека оперативниот резултат пораснал за дури 8,7 проценти, на 6,03 милијарди евра. Чистата заработка изнесува 5,55 милијарди евра (+3,0%).

Додека продажбата на конкуренцијата слабее во Европа, Toyota порасна за 8,4 проценти и продаде 273.964 возила. Сличен раст (+8,8%) е постигнат и на домашниот пазар, со 555.291 испорачани возила. На останатите азиски пазари се испорачани 398.240 возила (+1,0%). Најголем единечен пазар на Toyota остануваат САД со 743.576 возила, кадешто единствено има мал пад во последното тромесечје (- 0,3 %). На останатите региони ширум светот отпаѓаат уште 332.424 возила, со исто така незначителен пад од 0,1 процент.

Со вакви продажби секако дека и прогнозите остануваат непроменети. Планот за 2019/2020 година (деловната година на јапонските фирми трае од 1-ви април до 31-ви март следната година) е продажба на девет милиони автомобили и нето заработка во висина од 17,77 милијарди евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover Defender proba Dubai

Land Rover Defender на тестирање во Црвен крст

Opel Риселсхајм

Opel ќе плати 190 мио. € за работниците да ги префрли во друга фирма