165
21 shares, 165 points

Toyota е херојската марка годинава. Додека целиот автомобилски пазар е во пад, Toyota расте за 2,6 проценти. Новата стратегија со две хибридни изведби во гамата на Corolla исто така носи фантастични резултати: Дури 84% од европската продажба на овие модели вози со две срца. Во меѓувреме, Corolla е на 19-то место на најпродавани модели во Европа во септември.

Toyota продолжува со освојувачкиот поход на Европа. Новата моделска постава и растот на продажбата на хибридните возила донесоа зголемување на продажбата на Toyota и во третиот квартал од годинава. Од јануари до септември, Toyota и нејзината престижна марка Lexus продале 838.691 возила на европскиот пазар. Тоа е за 3,1 проценти повеќе отколку во првите три квартали лани.

Само Toyota има постигнато раст од 2,6 проценти и 775.201 возила, додека кај Lexus има раст од дури 9,4 проценти и 63.490 новорегистрирани возила од марката. Овој резултат на луксузната марка се должи во најголем дел на воведувањето на СУВ-компактот Lexus UX, како и на сосем новиот модел во европската понуда, лимузината Lexus ES. Во време кога целиот европски пазар е во минус, двете јапонски марки напредувале за 5,3 проценти.

Динамиката што ја донесоа четирите нови модели во првите шест месеци од 2019 година продолжи и во третиот квартал. Додека европскиот пазар е во пад, продажбата на Toyota и Lexus порасна – благодарејќи и на нашите хибридни модели

Мет Харисон, извршен заменик претседател на Toyota Motor Europe

Во европската управа на Toyota првично постоеше неизвесност дали и годинава ќе продолжи зголемувањето на вкупната продажба и на пазарниот удел, но се покажа дека побарувачката е дури и над очекувањата на менаџерите. Растечкиот тренд ќе се задржи и во последниот квартал од годинава, поради големиот број на нарачани хибридни автомобили во производството, кои допрво ќе се испорачуваат во следните три месеци. Сосем е извесно дека Toyota и Lexus ќе ја надминат поставената цел од 1.065.000 продадени возила во Европа за годинава.

Хибридните модели достигнаа продажба од 435.881 примероци, што претставува раст од 16 проценти во споредба со првите девет месеци лани; Дури 52% од продадените возила од марките Toyota и Lexus во Европа возат со две срца; Само во Западна Европа, хибридите достигнуваат удел од 62% во продажбата

Воведувањето на новите моделски генерации донесе фантастична динамика. Toyota Corolla и нејзината комби-изведба Corolla Touring Sports редовно се во европскиот Топ 20 веќе неколку месеци наназад, а тоа во голема мера се должи на нивните хибридни погони. Покрај познатата изведба со 1,8-литарски бензинец и системски 122 КС, Toyota нуди уште подинамична изведба со дволитарски бензинец и системски 180 КС. Благодарение на двојната хибридна стратегија, досега 84% од купувачите на овие модели се решиле за хибриден погон. Лимузината првпат се нуди на клучните европски пазари, како Германија, кадешто апсолутно целата продажба припаѓа на изведбата со хибриден погон.

Учеството на хибридот во продажбата на Toyota RAV4 во Западна Европа изнесува 80%, додека кај компактниот Lexus UX се дури 90 проценти. Кај Toyota Camry нема простор за двоумење. Лимузината од средната класа е достапна исклучиво како хибрид.

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
21 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *