148
33 shares, 148 points

Половината од сопствениците на Toyota во САД кои преоѓаат на друга марка, ја заменуваат хибридната Toyota Prius со електричен Tesla Model 3. Тоа е една од причините за падот во продажбата на Prius лани за 17,7 проценти.

Според Џим Ленц, првиот човек на Toyota за Северна Америка, уделот на сопственици кои го заменуваат постоечкиот автомобил од јапонската марка за возило од друга марка, изнесува околу девет проценти. Половината од овие возачи го замениле хибридниот Toyota Prius со електричен Tesla Model 3. Тоа воедно прави популарниот хибрид на Toyota да биде автомобил што најчесто се заменува со модел на Tesla.

Лани, во САД биле новорегистрирани 79.171 примероци од Prius, што е намалување за близу 18 проценти. Во истиот период, од електричниот Tesla Model 3, на домашна територија се продале поеќе од 114.000 примероци.

Сопственици на серијата 3 на BMW исто така го заменуваат својот автомобил со Tesla Model 3

Покрај Toyota Prius, за модел на Tesla се решаваат и сопственици на автомобили од други марки. Втора марка од којашто пристигаат најмногу нови возачи под логото на калифорнискиот специјалист за електрични автомобили е BMW, поточно се работи за возачи на серијата 3. На третото место е Honda Accord. Петорката се комплетира со Honda Civic и Nissan Leaf.

Tesla Model 3 evropa start

Toyota имаше удел од 3 проценти во акциите на Tesla до крајот на 2016 година. Соработката меѓу двете компании стартуваше во 2010 и кулминираше со лансирањето на Toyota RAV4 EV во 2012 година. Моделот не постигна посебен успех и производството престана по само две години.

Toyota Supra вози повторно по пауза од 17 години

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Стартуваат нарачките за Tesla Model 3 во Европа

Секој час по 50 примероци од Tesla Model 3


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
33 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format