за

Toyota останува највредна автомобилска марка, Mercedes и BMW следат

toyota land cruiser retro klasiks (6)
toyota land cruiser retro klasiks (6)

Проценета на 56 милијарди долари, Toyota е највредна автомобилска марка и седма воопшто марка по вредност во светот, по интернет и електро-гигантите Apple, Google & Co, а пред Mercedes и BMW.

Марката Toyota во почетокот на милениумот вредела близу 19 милијарди долари, денес таа вреди речиси трипати повеќе. Тоа го покажува најновата процена на вредноста на најголемите марки во светот, во редовната годишна анализа од агенцијата Interbrand. Јапонската марка е највредна во конкуренција на автомобилските марки и седма во апсолутен пласман. Експертите на Interbrand ја темелат својата процена според тоа што „Toyota произведува разновидна понуда од возила шорум светот и постигнува големи чекори во развојот на еко-автомобили, кои ќе ни помогнат да прераснеме во друштво со ниска емисија на јагленород“. Како три најсилни фактори на марката се издвоени релевантноста, автентичноста и присуството.

На второто место е премиум марката Mercedes, воедно и осма највредна марка воопшто во светот, со вредност од 50,8 милијарди долари и исто така раст од 5 проценти. Веднаш на третото место е конкурентот BMW со вредност од 41,4 милијарди долари. Моќта во глобални рамки прави Honda да се најде на четвртото место (24,4 млрд. долари, вкупно 21-ва), додека Ford ја заокружува водечката петорка на највредни марки, со 14,3 милијарди долари и на 35-то место во општа конкуренција.

Ferrari постигнал најголем пораст на вредноста меѓу автомобилските марки, со +12 проценти; Секторите луксуз и продажба воопшто бележат најголем раст

Натаму следат Hyundai (14,1 млрд. долари, +5%), Volkswagen (12,9 млрд. долари, +6%), Audi (12,7 млрд. долари), Porsche (11,6 млрд. долари), Nissan (11,5 млрд. долари), Ferrari (6,4 млрд. долари, +12%), Kia (6,4 млрд. долари), Land Rover (5,8 млрд. долари, -6%) и Mini (5,5 млрд. долари, +5%).

New photo by Automedia MK / Google Photos

Интересна нова појава е Uber, чијашто вредност е проценета на 5,7 милијарди долари и пласиран е на 87-то место меѓу највредните марки во светот. Производителите на комерцијали возила, Caterpillar и John Deere, исто така се во Топ 100, како и нафтениот гигант Shell, со 5,1 милијарди долари и пад на вредноста од 3%, на 97-то место.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ова е дваесеттиот извештај на компанијата Interbrand, којашто прва почна да врши процени на вредноста на марките во светски рамки. Три фактори се клучни во оценувањето на вредноста на одредена марка: Финансиските разултати од продажбата на марки или услуги, влијание на марката при донесувањето избор за купување, како и конкурентската моќ на марката, лојалноста и задржувањето на профитабилноста во иднина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda_Jazz_najava-Tokyo

Honda Jazz е уште една важна премиера на салонот во Токио

кражба автомобили германија статистика

Најголем ризик за кражба во Германија за возачи на Mazda CX-5 во Берлин