159
20 shares, 159 points

Полицијата во Берлин набави две лимузини со водороден погон Toyota Mirai. На подрачјето на германската престолнина постојат пет станици на коишто се точи водород, така што секојдневното користење на возилата во патролна служба ќе минува непречено во тој поглед.

Доаѓаат тешки времиња за криминалците, затоа што полицијата почна да набавува автомобили со погон на водород? Таква спрега тешко би можела да се воспостави околу набавката на две возила Toyota Mirai за возниот парк на полицијата во германскиот град Берлин. Преоѓањето на јавните служби на погон со нулта емисија на штетни гасови дава добар пример за заедницата, за новите видови на погон да наидат на поширока прифатеност и да се развива свеста за животната средина.

Полициските лимузини со егзотичен погон се обвиткани со фолија во вообичаената бело-зелена шема за германската полиција. Сино-ротациско светло не недостига, исто како сирена и радио врска. Возилото ќе се користи во редовна патрола, за транспорт и за превоз на службени лица.

Европски фондови го поттикнуваат преоѓањето на чист погон во јавниот и приватниот сектор, водородните Toyota Mirai се делумно финансирани од тие фондови

На подрачјето на Берлин постојат пет станици за точење водород, што е сосем доволно за Toyota Mirai редовно да се снабдува со чист водород, како погонско гориво. Тоа претставувало дополнителен повод за Градот Берлин да го субвенционира купувањето на двете возила со водороден погон за полицијата. Средствата за оваа намена, пак, пристигаат од Европските фондови за регионален развој, чијашто цел е да се смали емисијата на СО2 во јавното и комерцијалното подрачје.

Погонот на водород моментно важи како супериорен вид во поглед на ефикасноста, но и во практичноста – со неколку исклучоци, поради кои и неговата застапеност уште се сведува на маргините. Двата резервоари за водород на Toyota Mirai дозволуваат досег од преку 500 километри со едно полнење. Нема батерија, срцето на погонот е таканаречената горивна ќелија, во којашто се врши хемиска реакција на водородот и се добива напон. Тој понатаму служи за напојување на погонскиот електромотор. Во основа, водородните возила исто така се електрични возила, но место батерија располагаат со резервоари за водород и со горивни ќелии.

Горивото се полни за три до пет минути, што е споредливо со полнењето обично гориво. Покрај тоа, при студ не се смалува досегот, како што е случај кај „батериските“ електрични возила. Електромоторот во Toyota Mirai постигнува 113 kW (154 КС). Потрошувачката на водород изнесува 0,76 килограми на сто километри.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
20 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *