за

Водородни автомобили Toyota Mirai за Светскиот Олимписки Комитет

Toyota Mirai IOC
Toyota Mirai IOC

Осум примероци од Toyota Mirai пристигнаа пред Олимписката Куќа во Лозана, Швајцарија. Останува повеќе од цела година до почетокот на Игрите во Токио, но уште сега се насетува дека Toyota, како светски партнер на Олимпијадата, подготвува спектакл во поглед на превозот на светскиот спортски настан.

Во пресрет на светскиот ден на заштита на животната средина, осум примероци од автомобилот со погон на водород Toyota Mirai пристигнаа пред Олимписката Куќа. Новото седиште на Светскиот Олимписки Комитет во швајцарската Лозана е изградено според сите правила на одржливоста и ќе биде официјално отворено на 23-ти јуни годинава.

Возилата ќе се снабдуваат со егзотичното гориво во станицата што ќе се постави привремено во кругот на Олимписката Куќа и ќе биде една од само неколкуте водородни станици во Швајцарија. Паралелно се гради јавно достапна станица за водород во близина на седиштето. Во неа ќе се разложува и точи водород, со користење на обновлива енергија.

New item by Automedia MK / Google Photos

Toyota е партнер за мобилност на Олимпијадата во Токио во 2020 година. Планот на автомобилскиот примус е во сите градови и земји во коишто ќе се одржуваат натпреварите да бидат обезбедени возила со погон на водород. Toyota во 2015 година стана првиот партнер за мобилност на Олимпијадата.

Покрај водородни Toyota Mirai, за светскиот спортски врв во Токио во 2020 година ќе се обезбедат и автобуси Sora со погон на „гасот на иднината“, како и водородни вилушкари од сопствено производство.

Toyota C-HR е најпродаван хибрид во Германија

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Toyota ослободува 24.000 патенти за е-мобилноста да напредува

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Vision GT Kina

Skoda го подготвува и петтиот СУВ-модел за Кина

Audi A6 Allroad Quattro

Дваесет години и нов Audi A6 allroad quattro