167
21 shares, 167 points

Португалскиот производител на автобуси CaetanoBus го претстави својот прв модел со погон на водород, во когошто работи техника од Toyota Mirai. Секако дека овој автобус е меѓу главните атракции на салонот за автобуси во Брисел, кој се одржува до 23-ти октомври.

Во нашите услови на градски сообраќај е важно автобусите да бидат нови, но во европските метрополи се бара многу повеќе. Или помалку: Целта на многу градски управи е во следните неколку години да се реализира брзо преоѓање на сообраќај со нулта емисија на штетни материи.

Португалскиот производител на автобуси CaetanoBus има важна премиера на салонот за автобуси во Брисел. Тие го претставија својот прв модел со погон на водород, а техниката во него пристига директно од Toyota Mirai.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Јапонскиот гигант, а од вчера и со нова потврда како највредна автомобилска марка во светот, во минативе две години соработуваше со Caetano Bus во развојот на моделот со погон на водород. Со овој подвиг практично се потврдува големата приспособливост на погонската технологија со горивни ќелии на Toyota.

Предностите наспроти „батерискиот“ електричен погон се очигледни: Досегот е ист како со обичен погон, полнењето трае кусо

Ќелиите се поставени на покривот на автобусот H2.City Gold и водородот што е складиран во пет специјални резервоари со вкупен капацитет од 37,5 литри го претвораат во електрична енергија. Ова „гориво“ е доволно за досег до 400 километри. Тоа е добро познато, единствената емисија од погонот е незначителната количина чиста вода што се одведува низ посебна цевка. Полнењето трае помалку од девет минути и се врши под притисок од 350 бари.

toyota mirai водороден погон
Конфигурацијата на погонот на водород во Toyota Mirai

Прототипот од салонот во следните месеци ќе продефилира во неколку европски градови, а верзија што ќе биде подготвена за сериско производство се очекува во средината на следната година.

Toyota на домашна територија веќе има бројни соработки и ја вградува својата технологија на водороден погон во најразлични автобуси, камиони или доставни комбиња. Во фабриките рапидно се зголемува и бројот на вилушкари што работат на водород. Во превозот во рамките на Олимписките Игри Токио 2020 ќе се користат и автобуси со водороден погон Sora.

Водородни вилушкари во фабриките на Toyota


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *