Toyota во својата најпрестижна фабрика Мотомачи го произведе десетијладитиот примерок од Mirai, автомобилот што користи водород како погонско гориво. Лимузината од рангот на E-Class е водороден автомобил со најголема продукција во историјата. Mirai се продава во Јапонија, САД и во неколку европски држави.
Производството почна во пролетта во 2015 година, по што следеше постепено зголемување на годишната продукција. Во првата година беа изработени 700 примероци, во 2016 година продукцијата се зголеми на две илјади возила, а во 2017 година веќе беа достигнати 3.000 примероци.
Toyota има големи планови од почетокот на третата декада од новиот век. По 2020 година, Јапонците годишно ќе продаваат по 30.000 возила со погон на водород, односно со горивна ќелија, како основа на погонот. Miraiостанува, ќе му се придружат уште неколку модели. За таа цел, во фабриката Хонша моментно се прошируваат капацитетите за модулите од горивни ќелии, исто како и во фабриката Шимојама, од кадешто пристигаат комплицираните резервоари за водород под притисок. Новите погони во овие фабрики ќе бидат пуштени во 2020 година.
Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.