за

Toyota вложува 1 млрд. долари во роботските возила на Uber

toyota uber роботски автомобили

Toyota, добавувачот Denso и SoftBank вложуваат 1 милијарда долари во групацијата за роботизиран превоз во Uber. Инвестицијата има за цел да го забрза развојот и воведувањето на автоматизираниот превоз во секојдневието.

Автомобилската корпорација Toyota, добавувачот Denso и фондот за развој на идни технологии на SoftBank ќе инвестираат 1 милијарда долари во групацијата ATG, којашто е дел од Uber и специјализирана е за развој и понуда на услуги за роботизиран превоз.

Toyota и нејзиниот добавувач Denso учествуваат до две третини во инвестицијата, SoftBank со преостанатата третина. Вкупниот финансиски капитал на групацијата ATG (Advanced Technologies Group) сега изнесува 7,25 милијарди долари.

Вклучувајќи ги плановите за следните три години, Toyota го потпомага Uber со вкупно 1,8 милијарда долари

Toyota веќе инвестираше половина милијарда долари во Uber во август лани, со цел роботизирани возила врз основа на Toyota Sienna да се вклучат во возниот парк на Uber до 2021 година.

Со последната инвестиција се зајакнува соработката и воедно се потврдува напредокот што е постигнат во развојот и усовршувањето на следната генерација роботски возила. Крајната цел води кон производство и продажба на роботски возила и услуги за роботизиран превоз. Посебно за овие намени ќе следат уште 300 милиони долари од Toyota, во следните три години.

Toyota C-HR почна да вози и само на батерија

Комплетен водич за Toyota Corolla: Цени, каросерии, опрема, мотори

Toyota ослободува 24.000 патенти за е-мобилноста да напредува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin DBS 59

Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години

mercedes mb 100 necar 1

Комбе на Mercedes возеше на водород пред 25 години