163
21 shares, 163 points

Јапонските астронаути ќе користат возило развиено од Toyota за своите вселенски мисии. Голем напредок е тоа што астронаутите ќе бидат во возилото, место да го управуваат далечински. За погон, нормално е дека ќе се користи водород.

Корпорацијата Toyota и јапонската агенција за вселенски истражувања Jaxa започнаа заедничко истражување и развој на возило со човечки екипаж и погон на водород. Во следните три години, ова престижно партнерство за секој производител на автомобили ќе изработува, тестира и оценува прототипи на идното вселенско возило. Досегашните мисии обично користеа далечински управувано возило. Уште неименуваниот „мунмобил“ на Toyota и Jaxa ќе поседува кабина под притисок и тоа ќе овозможи покомотна и подолгорајна работа на астронаутите при истражувањето директно на површината на Месечината.

Соработката всушност трае уште од мај 2018 година и досега се изработени повеќе „ровери“. Првите се управувани со автопилот и имаат површина од 13 метри квадратни, со место за четворица астронаути, кои во возилото немаат потреба да го носат тешкиот костум. Резервоарите со водород овозможуваат да се извозат повеќе од 10.000 километри.

Покрај сите можни ограноци во Toyota, отсега постои и „Lunar Exploration Mobility Works“

Соработката продолжува да напредува и во меѓувреме Toyota го основаше огранокот Lunar Exploration Mobility Works, со триесетина врвни експерти што ќе работат на возилата со врвна и единствена технологија што се користи само во астронаутиката.

За следната година е планирано да се изработи првиот прототип, а една година подоцна треба да започнат и обемните тестирања. Возилата со човечки екипаж треба да почнат да возат по Месечината веќе во 2029 година.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *