за

Кога во Toyota работи дизел, тогаш е Hilux: Новини кај пикапот

toyota hilux 2020
toyota hilux 2020

Најпрочуениот и докажано најиздржливиот пикап во светот, Toyota Hilux, доби нов изглед, но суштината и натаму е под каросеријата. Таму работи 2,8-литарски дизел со 204 КС.

Toyota Hilux влегува во новото моделско годиште со 2,8-литарски дизел, со преправки во насока на подобрување на возните својства на асфалт и на терен, подобар комфор, подобра опрема. Моделот сега цели повеќе кон растечката група купувачи што имаат потреба од возило што ќе го користат и работно и семејно.

За дополнително да го привлече интересот на „новата“ група купувачи, Toyota Hilux отсега е достапен во нивото Invincible, со благородна опрема и впечатлив стил. Традиционалните вредности остануваат: Квалитет, издржливост, трајност. Сето тоа е познато долго, но беше прикажано буквално пред целиот свет во мошне „реални“ услови, во славната епизода на Топ Гир, од времето на Кларксон-Меј-Хамонд.

Пред Топ Гир да му обезбеди титула на еден од најславните автомобил во историјата, Hilux го освои Северниот Пол, возеше по вулканите на Исланд, на Антарктикот, па уште победи и на Дакар Рели лани.

Носивоста изнесува 1 тон, приколката назад смее да тежи до 3,5 тони – тоа отсега важи за сите каросериски изведби со погон на 4 тркала, односно за изведбите со единечна, продолжена и двојна кабина.

Редизајнираните предни и задни светла користат диодна техника, се нудат стилски алу-бандажи од 18 инчи, а за каросеријата може да се избира меѓу три нови бои – емотивна црвена 2, темно сина и оксидирана бронза во металик финиш.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Инструментите се сменети, во средината на кокпитот се вградува дисплеј од 8 инчи за инфо-забавниот систем, со физички копчиња, затоа што Hilux сепак ќе се вози и во „несалонски“ услови. Подршка за паметен телефон и брз процесор исто така се дел од освежувањето.

На списокот на опрема се наоѓаат пристап без клуч и копче за старт, сателитска навигација, автоматски клима уред, сензори за рикверц и озвучување JBL со 9 звучници и осумканален засилувач со 800 вати. Вообичаено за Toyota, на располагање стои широка понуда од прибор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Целата преправка за новото моделско годиште беше направена за неговата чест, еден од ретките дизели во понудата на Toyota, за 2,8-литарскиот дизел со 204 КС и 500 њутнметри. Во споредба со претходниот 2,4-литарец, новиот Hilux спринтува за 10 секунди до темпо сто, што е за близу три секунди покусо. Потрошувачката е сведена на 7,8 литри, просечната емисија на СО2 изнесува 204 g/km.

Големиот дизел ќе биде достапен во верзиите на Hilux со продолжена и двојна кабина, со опција за 6-степен автоматик во комбинација со погон на сите тркала.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со зафати во подвозјето и во сервоуправувањето се постигнати подобрувања во комфорот и возните својства. Во истата насока водат новото дотерување на амортизерите, преправките во листестите пружини назад и новите лежишта. Кај моделите со погон само на задната оска се користи симулација на блокада на диференцијал, за совладување на ситуациите кога само едно тркало ќе се најде на лизгава подлога.

Продажбата во Источна Европа стартува во јули, а во овој случај Западна Европа следи дури подоцна, во октомври.

Toyota Hilux од готови модули за пазарот во поранешна Бурма

toyota hilux myanmar
toyota hilux myanmar

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Првата пратка од електричниот Aiways е на брод за Европа

Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford

Што предвидува соработката меѓу Volkswagen и Ford?