за

Toyota Hilux: Осма генерација на најиздржливиот автомобил во светот

Најпознатиот и најобожуван пикап во светот доживеа премиера во Банкок. Новaта Toyota Hilux е наследничка на автомобилот што Џереми Кларксон толку се трудеше, но никогаш не успеа да го уништи.

Откако првиот Hilux се појави во салоните во 1968 година, Toyota продаде преку 16 милиони примероци во повеќе од 180 земји низ светот. Сите досегашни седум генерации подеднакво го градеа и надградуваа имиџот на издржливост на ова култно моделско име. Ретко постои друг автомобил што сите го препознаваат единствено како неуништлив. А, што треба повеќе од тоа за еден автомобил да биде обожуван и баран…

Издржливоста не доаѓа од автомобилот, туку од луѓето што го создале

Hilux едноставно е производ на јапонската мудрост. Според Toyota, издржливоста не потекнува од автомобилот, туку од луѓето што стојат зад неговото создавање. Целта на инженерите на осмата генерација беше пикапот повеќе да го посветат на патниците и да го направат полесен за возење. Тим од врвни техничари пропатувал илјадници километри низ светот заради добивање директен фидбек од клиентите, но и за самите да ги проверат способностите на возилото во најразлични услови на возење, почнувајќи од тропски шуми, преку поплавени патишта, до пустини на температури од преку 50 степени Целзиусови. Секогаш кога тие ќе се соочеле со потешки услови од очекуваните, ја соочувале неопходноста да направат уште „поцврст“ Hilux.

toyota hilux viii 120150521Дел од сопствениците на модел на Hilux побарале од тимот да направи автомобил што ќе може да совладува цели континенти без тие да се грижат дека ќе останат без гориво. Други сопственици се пожалиле дека е тешко да се задржи будноста и да се вози безбедно на долги патувања во тешки услови. Клиент што го користи својот Hilux за одржување на шумски предели забележал дека при неговата честа комуникација со полицијата и противпожарните служби е важно кабината на возилото да биде тивка.

Излегувајќи во пресрет на овие најразновидни барања, Toyota разви Hilux којшто ќе ја задржи репутацијата на издржлив автомобил, но ќе биде многу покомфорен и полесен за возење. Главниот инженер Нироки Најаџима: Целиот концепт на развојот беше концентриран на редефинирање на „цврстината“. Пораката што сакаме да ја пренесеме на нашите клиенти е содржана во нашиот слоган за возилото – Нова ера за пикапот. Секој инч е Hilux.

Главни обележја на новиот Hilux:
  • Нова носечка рамка и водење на тркалата
  • Подобрен комфор со преработени листести пружини и амортизери
  • Три типа на водење на тркалата: Стандардно, за тешки товари и комфорно
  • Нов мотор со повисок вртежен момент при ниски вртежи и нови менувачи
  • Намалена потрошувачка за поголема автономија
  • Потивки мотори
Прелиминарни технички податоци · Toyota Hilux Double-Cab
  • Должина 5335, ширина 1855, висина 1820 mm
  • Меѓуоскино растојание 3085 mm
  • Мотор: 1GD, дизел
  • Зафатнина 2755 cc
  • Моќност 177 КС при 3400/min
  • Вртежен момент 450 Nm од 1600-2400/min
  • Менувач 6 степени, автоматски
  • Погон На сите тркала
  • Гуми 265/65R18

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку е издржлив трицилиндарецот на Ford: Тест на auto motor und sport

Porsche Macan

Porsche подготвува верзија GT5 за теренецот Macan