Хајлендерот доаѓа. Toyota в година првпат ќе го понуди големиот СУВ со ова моделско име на европскиот пазар. Highlander е долг пет метри без пет сантиметри и комбинира спортски изглед со многу простор. Хибридот и погонот на сите тркала се стандард.
Триото СУВ-модели на Toyota ќе стане квартет. По пионерот RAV4 и стилскиот C-HR, големиот Highlander пристига в година заедно со претходно најавениот Yaris Cross. Како основа служи платформата GA-K, којашто инженерите ја развија со цел да постигнат поголема крутост и пониско тежиште. Главното тежиште во техниката секако дека е поставено врз хибридниот погон, со кој во меѓувреме се продадоа повеќе од 15 милиони возила од концернот. Погонската спрега се состои од познатиот 2,5-литарски бензинец и два електромотори, по еден на предната и на задната оска.
Со ваквата погонска конфигурација со два електромотори се постигнува поголема флексибилност на погонот на сите тркала. AWD-i гарантира најдобра можна тракција на секаква подлога, но затоа може да влече и товар до два тони. Возачот може да избира меѓу четири погонски режими – еко, нормален, спортски и теренски – со соодветно приспособување на погонската спрега во секој од нив посебно.
Кабината е проектирана за висока функционалност и практичност. Во сите три редови седишта има доволно простор, со тоа што средната клупа може да лизга 180 милиметри по должина. За возниот комфор придонесува и посебната акустична изолација на ветробранот и на предните стакла, како и темелното изолирање во клучните подрачја. Toyota посебно внимава да обезбеди тивка кулиса во кабината, поради тоа што хибридниот погон произведува малку бучава.
Пет седишта и 658 литри багажник или две седишта и 1.909 литри за товарење
Задниот капак во врвното ниво на опрема се отвора преку сензорите под браникот и ослободува простор со зафатнина од 658 литри. Со соборување на вториот и третиот ред седишта, се добива товарен простор од 1.909 литри.
Како централен елемент за ракување служи мултимедиски дисплеј од 12,3 инчи во средишната конзола. Навигација, безжично полнење, интеграција преку Apple CarPlay и Android Auto, проекциски дисплеј и вентилација во седиштата се подразбираат во СУВ од оваа класа. Интересна е функцијата на дигиталниот внатрешен ретровизор, кој пренесува слика од просторот зад возилото кој е „пречистен“ од потпирачите за глава и од патниците на задните седишта.
Вообичаено за новите генерации модели на Toyota, големиот СУВ доаѓа со изобилство од системи за асистенција, почнувајќи со ценетиот Toyota Safety Sense, до автопилот што ја следи лентата и потсопира автоматски.
Повеќе детали околу техниката и опремата ќе бидат објавени наскоро.