149
57 shares, 149 points

Во првите три месеци од годинава, јапонскиот концерн продал на европскиот пазар 143.300 возила од марките Toyota и Lexus со хибриден погон. Штотуку почнуваат најдобрите времиња за погонот со две срца, бројките се фантастични.

Во периодот од јануари до март, европските возачки и возачи купиле 143.300 автомобили од марките Toyota и Lexus со хибриден погон. Тоа претставува зголемување од 14 проценти во споредба со првото тромесечје лани. Уделот на возилата со „две срца“ во продажбата на двете марки во Западна Европа изнесува 61 проценти. Во цела Европа, едно од секои две продадени возила од Toyota или Lexus се хибриди.

За целиот период се продадени вкупно 279.000 возила од јапонскиот концерн. Тоа е приближно колку ланската продажба. Кога ќе се земе предвид дека во меѓувреме стартуваше продажбата на новата генерација на Corolla, на СУВ-пионерот RAV4 или Lexus UX и Lexus ES, јасно е дека продажниот тренд до крајот на годинава ќе оди право угоре.

Во услови кога целиот европски пазар е во благ минус, малиот пораст од 0,2% на Toyota и Lexus е големо достигнување

Toyota и Lexus учествуваат со 5,2 проценти во целиот европски пазар (+0,2%). Веќе пристигаат и првите бројки од продажбата на Corolla, прв модел што се нуди во две варијанти на хибриден погон. Досега се продадоа 40.100 примероци, од кои фантастични 27.100 примероци имаат електромотори во погонската спрега. Тоа е доволно за традиционалното моделско име уште од старт да се вброи меѓу Топ 3 најпродавани модели на Јапонците.

Кај хибридите и натаму предводи Yaris со 38.400 примероци – нов рекорд за него. Следи C-HR Hybrid со 37.100 примероци.

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

Toyota и Suzuki се подготвуваат за голема соработка

Toyota ослободува 24.000 патенти за е-мобилноста да напредува

Тест: Lexus ES 300h Luxury

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
57 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *