136
18 shares, 136 points

Приватните тркачи од следната година ќе се појават на жешкиот асфалт со Toyota GR Supra, подготвена за класата GT4. Прикажувањето на тркачката верзија на Supra на салонот во Женева пролетоска, го постигна целосниот ефект. Автомобилот предизвика интерес кај приватните тркачи и наскоро започнува сериската изработката на тркачката Supra.

За развојот и за производството на автомобилот, вообичаено ќе биде задолжен тимот на Toyota Motorsport GmbH во Келн, Германија.

Категоријата GT4 е особено популарна меѓу приватните тркачки тимови ширум светот, поради релативно достапните цени на возилата и едноставната квалификација за учество. Возилата што го исполнуваат правилникот за оваа категорија можат да се натпреваруваат во европската серија во GT4, во шампионатот на долги патеки VLN на Нирбургринг, во серијата Супер Таикиу во Јапонија, како и во серијата Michelin Pilot Challenge во САД.

New photo by Automedia MK / Google Photos

GR Supra веќе почна да вози по тркачките патеки, и тоа во серијата Nascar Xfinity во Северна Америка, а од следната година ќе учествува и во Su[per GT GT500 во Јапонија.

Три партнери на Toyota, поточно на Toyota Gazoo Racing, учествуваат во подготовка на GR Supra GT4. Во развојот на издувниот систем има удел Akrapovič, гумите се развиени со Pirelli, додека средствата за подмачкување ги испорачува Ravenol.

Повеќе детали за цените, регионалната достапност и стартот на испораката ќе бидат познати подоцна годинава.

Toyota GR Supra GT4 – Технички податоци:

New photo by Automedia MK / Google Photos

Шасија

 

Должина

4.460 mm

Ширина

1.855 mm

Висина

1.250 mm

Каросерија

Челична каросерија со заштитен кафез

Преден дифузор

Природни композити

Заден спојлер

Природни композити

Резервоар за гориво

Според посебен правилни, со систем за брзо полнење

Возачко седиште

Тркачко седиште според FIA-стандарди

Мотор & менувач

 

Тип

6 цилиндри во линија, Twin-Scroll турбо

Зафатнина

2.998 ccm

Менувач

Автоматски, погон назад

Средства за подмачкување

Ravenol

Издувен систем

Akrapovič

Подвозје, управување & сопирачки

 

Водење на предни тркала

Мекферсон

Водење на задни тркала

Оска со повеќе водилки

Управување

Електрично серво, запчеста летва

Гуми

Pirelli

Тркала

11×18 инчи


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
18 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *