136
18 shares, 136 points

Toyota уште летоска најави дека ја пушта новата GR Supra во изведба за популарниот GT4-шампионат, за приватни тркачи. Сега се познати сите детали околу тркачкиот автомобил. Испораките ќе стартуваат во март, прво во Европа, а потоа и во Северна Америка и Азија.

Точно на почетокот на тркачката сезона 2020 ќе стартува испораката на Toyota GR Supra GT4 за кружни трки. Тркачката изведба на спортскиот модел ќе биде достапна од март, по цени што стартуваат од 175.000 евра, прво во Европа, а потоа и во Северна Америка и Азија. Одделението за мотоспорт Toyota Gazoo Racing со овој чекор излегува во пресрет на приватните тркачи.

Тркачкиот автомобил се базира врз Toyota GR Supra и преработен е во Toyota Motorsport GmbH во Келн, Германија. Моторот е 3,0-литарски шестцилиндарец во линија и потекнува од баварскиот партнер во развојот на двојката Supra/Z4, со моќност од 430 КС и вртежен момент од 650 њутнметри. Преносот на сила е преку спортски автоматски менувач со седум степени и механичка блокада на диференцијалот на задната оска. По желба се вградуваат и рачки за менување на степените на волан.

Toyota Motorsport GmbH нуди и комплетна логистика за трки, што е олеснување за приватните тркачи

Предниот сплитер и задниот спојлер се изработени од композити од природни влакна и придонесуваат за ниската тежина на возилото од 1.350 килограми. Амортизерите се од KW, напред има шестклипни сопирачки клешти, назад четириклипни. Гумите ги испорачува Pirelli, издувниот систем е изработен кај Akrapovič, средствата за подмачкување пристигаат од Ravenol.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заштитниот кафез е изработен од челик со висока цврстина, тркачкото седиште е опремено со безбедносен ремен на шест точки, сé според стандардите на ФИА. Арматурната табла е изработена од карбонски влакна, воланот е посебно конструиран за GT4-шампионатите.

За испораките исто така е задолжено специјализираното одделение Toyota Motorsport GmbH во Келн, Германија.

Технички податоци · Toyota GR Supra GT4

Каросерија

Должина / Ширина / Висина

4.460 mm / 1.855 mm / 1.250 mm

Тежина

1.350 kg*

Конструкција

Челична каросерија со заштитен кафез од челик со висока цврстина, според ФИА

Преден сплитер

Од композити од природни влакна

Заден спојлер

Од композити од природни влакна

Резервоар

ATL FT3-резервоар со брзо полнење (120 литри)

Возачко седиште

OMP тркачко седиште со ремен со 6 точки (FIA 8862-2009)

Мотор и менувач

Тип

Шест цилиндри во линија, Twinscroll-Turbo

Зафатнина

2.998 ccm

Моќност

320 kW/430 КС

Вртежен момент

650 Nm

Контролна електроника

Magneti Marelli ECU

Издувен систем

Akrapovič тркачки издув со катализатор

Масла

Ravenol

Менувач

Автоматик со 7 степени, со рачки на волан, заден погон

Диференцијал

Механичка блокада на диференцијал

Погонски оски

GKN Motorsport

Подвозје, управување и сопирачки

Водење на предна оска

Мекферсон

Водење на задна оска

Со повеќе водилки

Амортизери

Тркачки, KW со дотерување

Управување

Со запчеста летва, електро серво

Сопирачкинапред)

Brembo шестклипни клешти со челични дискови 390 mm

Сопирачки (назад)

Brembo четириклипни клешти со челични дискови 355 mm

Гуми напред / назад

Pirelli 305/660-18 / 305/660-18

Бандажи

OZ Racing 11 x 18 инчи

Електронски системи

Контрола на тракција и тркачки ABS

Серија

Дисплеј од 8-инчи

Серија

Дата-логер

Серија

Камера за рикверц

Доплата

Контрола на притисок во гуми

Доплата

Сензори за подвозје

Доплата

Осветлен број на возило

Доплата

Опрема

Противпожарен апарат

Серија

Air-Jack-систем

Серија

Систем за пиење

Доплата

Пакет за трки на долги релации

Доплата

* зависно од BOP (Balance of Performance)

Toyota Supra почнува кариера на тркачкиот асфалт


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
18 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *