138
22 shares, 138 points

Ечи „Гррр“ од GR HV Sports, спортски концептен автомобил на Toyota за салонот во Токио, изработен врз основа на постоечкиот GT86. Специјалитетот на куќата не недостига, има и една „финта“ со менувачот.

Што точно ќе произлезе од спортскиот концепт когошто Toyota го најавува за салонот во Токио, може само да се нагаѓа. Во секој случај, Toyota GR HV Sports е уште една потврда дека Јапонците дефинитивно им се враќаат на спортските автомобили, на легендарните модели како Celica, MR2, Supra… За последново моделско име уште е неизвесно дали ќе се користи за купето што Toyota го развива заедно со BMW.

Toyota GR HV Sports III 02

Во меѓувреме функционира и врската меѓу сериската понуда и тркачките болиди на Gazoo Racing, започната преку Yaris GRMN. Едно од можните сценарија до коишто би водел GR HV Sports е специјална моделска изведба на актуелниот GT86, покрај Yaris GRMN, кој би го користел само тарга-покривот од концептниот автомобил, заедно со неколку стилски преправки.

Целата каросерија е преработена во стилот на „леман-прототипот“ Toyota TS050

Поверојатно е сценариото дека Toyota преку концептниот GR HV Sports го испипува теренот за наследникот на компактното купе што дебитираше уште во 2011 година. Неговиот наследник би користел неколку линии од хибридната тркачка ѕвезда TS050.

Toyota GR HV Sports III 04

Ниту тарга-покривот не е случаен. Toyota се навраќа на Sports 800, познат и како „јотахачи“, како историски модел што поседувал отстранлив цврст покрив, но уште помалку случaјно го премолчува MR2, мини-тркачот од времето на Honda CRX. Овојпат, Toyota повеќе цели на Mazda MX-5 RF.

Toyota GR HV Sports со мотор напред, погон назад, батерија во средина

Наспроти тоа, хибридниот погон е сосема извесен во наследникот на GT86. Овој во концептниот автомобил се базира врз технологијата THS-R (Toyota Hybrid System-Racing), или кусо, врз погонот од TS050 Hybrid. Не со таа моќност и цена, секако.

Toyota GR HV Sports III 03

Интересна идеја е шемата за ракување со шестстепениот автоматски менувач како на мануелен менувач. Во време кога Nissan измислува e-Pedal, нема да чуди доколку оваа шема наиде на сериска примена. Копчето за старт во рачката на менувачот сепак е премногу амбициозно.

Toyota GR HV Sports III 05

Батеријата за хибридниот погон е поставена во средината на возилото. Од Toyota потсеќаат дека тешката батерија во близина на тежиштето ги подобрува возните својства. Луѓево веќе се во спортска еуфорија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
22 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743