179
23 shares, 179 points

Toyota останува на водечката позиција како највредна автомобилска марка во светски рамки. Голем напредок има постигнато електро-специјалистот Tesla.

Компанијата за истражување на пазарот Kantar секоја година ја одредува вредноста на светски влијателните марки во рамките на Global BrandZ. Секако дека меѓу највредните компании во светот не отсуствува автомобилската бранша. Три автомобилски марки се пласираа меѓу стоте највредни марки во светски рамки, во општа конкуренција.

Не е изненадување тоа што првото место во автомобилската бранша ѝ припаѓа на марката Toyota, чијашто вредност се проценува на 28,39 милијарди долари. Втор во браншата е Mercedes-Benz, што како марка вреди 21,34 милијарди долари, трет е BMW со вредност од 20,52 милијарди долари. Во Топ 100 тие се пласирани соодветно на 48-то, 56-то и 61-то место.

Голем скок има Tesla, како четврта највредна автомобилска марка во светот. Тоа значи дека електро пионерот во меѓувреме ги престигна и Ford и Honda. Вредноста на калифорниската марка се проценува на 11,35 милијарди долари, за 22% повеќе од лани.

Tesla е воедно единствена марка во автомобилскиот Топ 10 чијашто вредност пораснала во споредба со 2019 година. Голем пад имаат Nissan (-18 проценти) и Honda (-15 проценти).

ТОП 10 Највредни автомобилски марки во светот во 2020 година

Марка

Вредност

во USD

Вредност

во EUR

Разлика 19

1

Toyota

28,39

25,28

-3.00%

2

Mercedes-Benz

21,35

19,01

-9.00%

3

BMW

20,52

18,27

-12.00%

4

Tesla

11,35

10,11

22.00%

5

Ford

10,07

8,97

-10.00%

6

Honda

9,98

8,89

-15.00%

7

Nissan

8,66

7,71

-18.00%

8

Audi

7,33

6,53

-14.00%

9

Volkswagen

6,46

5,75

-4.00%

10

Porsche

5,61

5,00

-4.00%

>>> Toyota RAV4 задржува 70% од вредноста по две години


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

179
23 shares, 179 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *